-
Пребарај
Повеќе од SUV. Новиот Audi Q5.
Новиот Audi Q5 е комбинација на спортските карактеристики на Audi Avant со високо ниво на секојдневна практичност. Неговиот нов, спортски дизајн е фасцинантен на прв поглед, а неговата динамика во возењето го инспирира секое патување благодарение на quattro погонот на сите тркала.
Дизајн кој го привлекува вниманието
Дизајнерскиот јазик на новиот Audi Q5 фасцинира со спортски елементи и самоуверена харизма. Неговиот јасен тридимензионален преден дел со високи отвори за воздух и рамна, широка октагонална решетка на ладилникот, сведочат за гласно изразена самодоверба. Трапезоидни издувни цевки, дифузер со вкрстена лента и хромирана лента под светлата ја нагласуваат јасната линија преку целата должина на возилото која хармонично го заокружува динамичниот дизајн.
Нови светлосни групи
Поделбата на OLED светлата во мали, индивидуално контролирани сегменти со тродимензионална поставеност овозможува нови сценарија за осветлување благодарение на импресивната позиција. Постојат три различни дизајни на светлосни групи за светлата на задниот дел од кои можете да изберете. Во зависност од режимот на возење, карактерот на светлосниот потпис на задните светла автоматски се прилагодува за време на употребата. Дигиталните задни светла OLED имаат вградено откривање на возило кое се приближува: ако возилото е во мирување и друго возило или други учесници во сообраќајот се приближат одзади на помалку од два метра, сите OLED сегменти автоматски се активираат за видливоста да биде зголемена.
Возбудлива возна динамика
Новиот Audi Q5 импресионира со спонтано, динамично забрзување и агилно ракување во свиоците. Стандардно доаѓа со погон на сите тркала quattro. На овој начин, погонските сили можат да се распределат на индивидуалните тркала по потреба. Покрај тоа, изборот за погон на Audi (Drive Select) овозможува поставување на посакуваните карактеристики на возилото во разни достапни режими.
Секојдневие на премиум ниво
Комбинацијата на големина, перформанси и функционалност го разликува новиот Audi Q5 како врвен SUV за секој ден. Функциите што се лесни за употреба го олеснуваат совладувањето на секојдневните предизвици со сигурност. Задното седиште на новиот Audi Q5 е поделено на три сегменти; ако сакате, може да се помести по должината и да го прилагодите аголот. Интелигентни решенија, како што се стандардна, променливо подвижна подлога, опционална електрична контрола задната врата од багажниот простор или спуштање на висината на целото возило за полесно товарење на багажниот простор преку опционалната адаптивна воздушна суспензија го олеснуваат секојдневието.
Многу простор за индивидуалност
Голем просторен концепт за пет лица, вклучувајќи удобен простор за глави и нозе. Високата позиција на седење обезбедува добар преглед на сообраќајот. Неговите хоризонтално ориентирани линии го потенцираат впечатокот на простор и удобност. Три-димензионална декоративна лента поминува низ целата ширина на таблата со инструменти, стилски заокружувајќи го елегантниот целосен впечаток. Опциите за приспособување на седиштата се наоѓаат веднаш до функцијата за масажа. Во мракот, опционалното амбиентално осветлување поставува привлечни акценти.
Пребарување е нешто од минатото
Поврзан со светот - секако со Audi Q5. Со точки од интерес кои се поврзани со Интернет во самата навигација, можете, на пример, да имате бензински пумпи или гаражи за паркирање во близина прикажани директно во навигацијата. Вклучувајќи ги времето на отворање, достапноста и цените. Информациите за сообраќај преку Интернет може да ви помогнат да ја пронајдете најбрзата маршрута до вашата дестинација благодарение на многу деталните податоци во реално време за состојбата во сообраќајот, застојот во сообраќајот, пречките и големината на сообраќајниот метеж. Со myAudi Navigation 3 можете да ги испланирате пребарувањето на дестинацијата и насоките за маршрута директно на вашиот паметен телефон.
Сакате да дознаете повеќе за новиот Audi Q5, да го запознаете одблизу или да го конфигурирате вашето посакувано возило?
Контактирајте го овластениот Audi партнер.
Пребарај Audi партнер