-
Пребарај
Редефиниран теренец. Новиот Audi Q5 Sportback.
Audi Q5 Sportback ги комбинира моќните перформанси на SUV со високо ниво на секојдневна практичност. Неговата опаѓачка кровна линија делува на купе и го истакнува новиот, спортски дизајнерски јазик, а постојаниот погон на сите тркала quattro е фасцинантен секогаш кога возите.
Секое патување е доживување
Дизајнот на Audi Q5 Sportback импресионира со својата динамична и самоуверена харизма. Посебна карактеристика е широкиот, нежно наведнат заден дел, што ја изразува линијата на покривот слична на купе и го прави возилото да изгледа уште подинамично. Дифузорот со вкрстена лента, хромираната лента што поминува низ целата ширина на возилото и спортскиот спојлер на покривот го заокружуваат динамичниот дизајн. Опционалниот S-Line пакет поставува дополнителни спортски акценти.
Задни OLED светла со уникатен дизајн
Опционалните OLED светла на Audi Q5 Sportback се поделени на мали, индивидуално контролирани сегменти со тродимензионален аранжман, кои благодарение на импресивната технологија, овозможуваат нов начин на осветлување. Кога купувате возило, имате можност да изберете помеѓу три различни дизајни со т.н. потпис на светло на задниот дел. Покрај тоа, карактерот на потписот на задното светло автоматски се прилагодува на режимот на возење за време на возењето. Опционалните задни светла со иновативна OLED технологија се опремени со систем за детектирање на објекти кои се приближуваат*: Ако возилото е во мирување и друг корисник на пат се приближува одзади на помалку од два метра, сите OLED сегменти автоматски се активираат за зголемување на видливоста.
Воодушевувачка динамика на возење
Audi Q5 Sportback импресионира со спонтано, динамично забрзување и агилно ракување. Има стандарден quattro погон со ултра технологија, кој континуирано ја следи состојбата на возењето и ја дистрибуира моќта на тркалата по потреба. Ќе доживеете прецизно однесување во возењето и спортско управување. Профилите на возење на Audi нудат различни режими за поставување на посакуваните карактеристики на возилото за да се обезбеди искуство во возење прилагодено на вашите потреби. Повеќе динамика, но истовремено и поголема удобност.
Одберете ја вашата боја
Комбинирајте ги достапните бои и тркала за вашиот Q5 Sportback да биде според вашите идеи.
21"лесни алуминиумски тркала, 5 двојни краци во дизајн на турбина
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала во дизајн со 5 краци
Ултра Сина Металик
Навара Сина Металик
Дејтона Сива боја со ефект на перла
Дистрикт Зелена Металик
Квантум Сива
21"лесни алуминиумски тркала, 5 двојни краци во дизајн на турбина
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала во дизајн со 5 краци
Ултра Сина Металик
Навара Сина Металик
Дејтона Сива боја со ефект на перла
Дистрикт Зелена Металик
Квантум Сива
21"лесни алуминиумски тркала, 5 двојни краци во дизајн на турбина
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала во дизајн со 5 краци
Ултра Сина Металик
Навара Сина Металик
Дејтона Сива боја со ефект на перла
Дистрикт Зелена Металик
Квантум Сива
21"лесни алуминиумски тркала, 5 двојни краци во дизајн на турбина
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала во дизајн со 5 краци
Ултра Сина Металик
Навара Сина Металик
Дејтона Сива боја со ефект на перла
Дистрикт Зелена Металик
Квантум Сива
21"лесни алуминиумски тркала, 5 двојни краци во дизајн на турбина
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала
21"лесни алуминиумски тркала Audi Sport
20"лесни алуминиумски тркала во дизајн со 5 краци
Ултра Сина Металик
Навара Сина Металик
Дејтона Сива боја со ефект на перла
Дистрикт Зелена Металик
Квантум Сива
Внатрешност Спортска и елегантна
Дури и со нежно закосениот заден дел, Audi Q5 Sportback нуди многу простор за пет лица, вклучувајќи удобен простор за глава и нозе. Опционалната опрема за внатрешност S-Line, ги поставува визуелните нагласи со постојан фокус на спортскиот карактер: предните спортски седишта нудат совршено прилагодена позиција за седење и изразени потпори на страничните делови. Седиштата во кафена Napa кожа со контрастни шевови во боја и гравиран S детал на потпирачите за грб на предните седишта го истакнуваат спортскиот карактер на возилото.
Погледнете го Q5 Sportback од сите агли
Сакате да дознаете повеќе за новиот Audi Q5 Sportback, да го запознаете одблизу или да го конфигурирате вашето посакувано возило?
Контактирајте го овластениот Audi партнер.
Пребарај Audi партнер