-
Пребарај
Агилност на пат и на отворен терен: возна динамика
Лесно маневрирање во град, агилно на отворен терен, балансирано на автопат - подвозјето на новото Audi Q3 нуди широк опсег. На тој начин новото теренско возило релаксирано совладува нерамнини - дури и со подолго меѓуоскино растојание. По желба, карактеристиките на новото Audi Q3 преку системот за возна динамика Audi drive select варираат во зависност од возната ситуација, состојбата на улицата или личните потреби. Понудени се шест профили - од нагласен комфор, преку особена ефикасност до строго спортски стил на возење. Активиран со притискање на копче, опционалниот систем за помош при поаѓање на надолнини ја одржува претходно поставената брзина на стрмни надолнини. Форматот на алуминиумските тркала достигнува дијаметар од 17 односно 18 инчи - во зависност од надворешната лајсна - дури до 20 инчи, од Audi Sport GmbH.
Подвозје
Опционално достапниот Audi drive select покрај додавањето гас, управувањето и карактеристиката на менување степени на брзина на S tronic, влијае исто така и на опционалното подвозје со регулирање на придушувањето. Алтернативно има и серија на спортско подвозје кај пакетот за надворешност S line - со посилно регулирање на пружини/придушување, како и прогресивно управување. Вашето менување степени со растечки агол на управување ќе биде подиректно, со тоа што исто така многу придонесува за лесно управување на новото Audi Q3.