-
Пребарај
Комфор & безбедност
Исто така и кај системите за помош новото Audi Q3 освојува со неговата опрема. Врвна карактеристика е адаптивниот систем за помош при возење, кој опционално се добива во комбинација со S tronic. Тој ги интегрира функциите на адаптивниот систем за помош при регулирање на брзината, системот за помош при застој и системот за помош при водење по лента. Со тоа му овозможува на возачот јасен комфор при надолжно и попречно возење - особено на долг пат.
Стандардно Audi Q3 е опремен со безбедносен систем Audi pre sense front. Тој со помош на радарот препознава критични ситуации со пешаци, возачи на велосипеди и други возила и го предупредува возачот оптички, акустично, како и хаптично. Доколку е потребно, тој извршува целосно сопирање. Кон серискиот опсег исто така припаѓа и системот за предупредување при напуштање на лента. Олеснување при маневрирање Audi Q3 меѓу другото нуди и со системот за помош при паркирање, кој теренското возило самостојно го управува во и од празни места за паркирање - Вие само додавате гас, сопирате и менувате степени на брзина. Дополнителни помошни функции се четирите камери за околината, сензорот за светло и дожд и ограничувачот за брзина кој може да се поставува.