-
Пребарај
Интелигентно и целосно дигитално поврзување во мрежа.
Концептот на ракување и приказ на семејството на теренски возила е претставен целосно дигитално: Веќе кај сериската опрема е опремен со ММИ Радио и дигитална инструментна табла со 10,25 инчна дијагонала, која може да се ракува преку повеќефункцискиот управувач.
Audi connect
Портфолиото на Audi connect - сериски се добива кај Infotainment системите Top - ја дополнува навигацијата на идеален начин. Кон услугите меѓу другото припаѓаат и онлајн информации за сообраќајот, пребарување според точки од интерес, како и податоци за места за паркирање и бензински станици, кои се појавуваат директно на навигациската карта. Покрај тоа, возачот се предупредува благодарение на поинтелигентната колективна интелигенција за опасни места, како места каде има магла или мраз. Исто така содржани се и стриминг на медиуми, онлајн вести, пристап до Twitter и до поштенското сандаче на е-поштата. Во возилото има и WLAN-Hotspot за мобилните крајни уреди на патниците. По желба клиентот може да букира податочни пакети удобно од автомобилот. Опционалниот дополнителен пакет Audi connect Navigation & Infotainment plus содржи дополнителни иновативни услуги, меѓу кои Google Earth со детални 3D модели на многу европски метрополи. Исто така составен дел овде е и хибридното радио.
Музички систем Bang & Olufsen Premium
За просторен звук се грижи музичкиот систем Bang & Olufsen Premium со виртуелен 3D звук. Се создава преку четирите дополнителни звучници на инструментната табла и во D столбот. Посебниот алгоритам, кој Audi го создаде заедно со Фраунхофер Институт, на звукот му дава голема ширина и длабочина - внатрешниот простор на Audi Q3 делува акустично поголем. Музичкиот систем користи вкупно 15 звучници и вкупна моќност од 680 вати.