-
Пребарај
Уникатна како Вас.
Спортски карактер, комфор, дизајн, функционалност - без разлика кои барања ги имате од Вашето Audi, тоа Ви нуди мноштво можности за индивидуализација. Варијантите на опрема на Audi се разновидни и висококвалитетни и целосно може да се прилагодат на Вашите потреби.
Matrix LED фарови со LED задни светла и динамични предни и задни трепкачи, со уред за чистење на фаровите
Matrix-LED фаровите се карактеризираат со распределба на светло со голема прилагодливост и атрактивен дизајн со висок степен на препознатливост.
Дигитален радиоприем
Дополнително на понудата на аналогни станици, дигиталниот радиоприем овозможува висококвалитетен прием на дигитални радиостаници
Audi phone box
Добро место за Вашиот мобилен телефон: Audi phone box овозможува комфорно телефонирање за време на возењето. Ракувањето се врши преку контролниот дел на ММИ, повеќефункциските копчиња на управувачот или преку говорна наредба. Мобилниот телефон може во секое време да се обезбеди со струја преку USB приклучок.
Панорамски стаклен покрив
Светлина, воздух и чувство на простор: панорама за атмосфера на слобода и целосно уживање во животот.
Audi виртуелен кокпит plus
Иднината на мобилноста јасно пред очите со Audi виртуелниот кокпит plus: целосно дигиталната инструментна табла со висококвалитетен 12,3 инчен дисплеј во боја прикажува информации флексибилно и по потреба.