-
Пребарај
Екстровертно теренско coupé. Audi Q3 Sportback.
Магнет за очи и придружник во секојдневието - Audi Q3 Sportback ги соединува естетиката и емотивноста на coupé со моќноста и функционалноста на теренско возило. Големата понуда на понуди за Infotainment системи и конективност, како и обемната сериска опрема се грижат за сите видови на задоволства за време на возењето.
Прогресивен дизајн
Самоуверено, екстровертно, спортско - така се претставува Audi Q3 Sportback. Во предниот дел доминираат големата singleframe решетка со осмоаголен дизајн и страничните отвори за воздух. Во страничниот приказ јасно се истакнува силуетата на coupé . Долгата, елегантна линија на рамената ја оформува динамичната основна форма на возилото и го нагласува спортскиот карактер. Карактеристични за задниот дел се линијата на покривот која континуирано се спушта, ниското задно стакло и задните светла со остар раб. Благодарение на нашиот флексибилен концепт на линии на опрема, имате можност надворешноста на возилото да ја индивидуализирате според Вашите желби. Доколку се одлучите за пакетот S line, Вашето Audi Q3 Sportback меѓу другото ќе се испорача со браници во контрастна боја, 18 инчни тркала во дизајн со 5 краци и осветлени лајсни за качување со алуминиумски додатоци и натпис S.
Дигитален кокпит
Во Audi Q3 Sportback искусете ја нашата најнова генерација на Infotainment системи директно од високата класа. Кон сериската опрема припаѓа и дигитална инструментна табла со големина од 10,25 инчи. Опционално можете да се одлучите за Audi виртуелен кокпит plus, чиј HD дисплеј со големина од 12,3 инчи прикажува анимации изразито јасно, а Вас Ве обезбедува со релевантни информации за возилото. Опционалниот ММИ Infotainment систем можете да го управувате преку врвната изведба на ММИ навигацијата plus со ММИ на допир преку 10,1 инчен дисплеј во средишната конзола. Благодарение на разните интерфејси и приклучоци, со возилото можете да го поврзете Вашиот мобилен краен уред1. Покрај тоа, искористете ја големата понуда на Audi connect² услуги.
Задоволство за време на возењето во рамките на сериската опрема
За да Ви се овозможи најголемо можно задоволство за време на возењето,Audi Q3 Sportback сериски го опремивме со некои опреми, кои ја зголемуваат динамиката на патот: спортското подвозје се грижи за добра тракција. Прогресивното управување нуди рамно однесување на управувачот, на пример на криви земјени патишта и при свртување. Преку системот за возна динамичност Audi drive select можете да влијаете врз карактеристиките на задниот дел на возилото со помош на шест различни режими. Покрај поставувањето за моторот и управувачот, системот влијае и врз амортизерите кои може електронски да се поставуваат и врз потпората на управувачот. Кај моторите (потрошувачка на гориво, комбинирано: 4,7-7,7 l/100 km; емисии на CO₂комбинирано: 123-174 g/km) Ви нудиме и TDI агрегат со моќност од 110 kW (150 КС) или2,0lTFSI со моќност од 169 kW (230 КС).
Внатрешен простор: дизајнирајте и Вие
Нашиот концепт на линии на опрема Ви овозможува индивидуално оформување на внатрешниот простор на Audi Q3 Sportback. На пример изберете го опционалниот design selection на внатрешниот простор прикажан на сликата. Тој опфаќа предни спортски седишта, пакет за осветлување на контури и амбиентално осветлување во повеќе бои и висококвалитетни декоративни додатоци. Пакетот за внатрешен простор S line кој може опционално да се добие меѓу другото нуди и спортски седишта со S амблем, кожен управувач во дизајн со 3 краци со Multifunktion plus вклучувајќи рачки на управувачот и глава на рачката на менувачот од перфорирана кожа, како и педали и потпори за нозе од не'рѓосувачки челик.
Варијабилно и функционално
Audi Q3 Sportback располага со внатрешен простор со голема варијабилност. Задната клупа за седење нуди место за три лица и сериски се продолжува за 130 mm во должина, нејзините трократно поделени потпирачи може да се накосат во седум нивоа. Зафатнината на багажниот простор достигнува од 530 до 1400 литри. Опционално Ви нудиме електрична врата од багажниот простор, која можете комфорно да ја отворате со движење на стапалото, доколку рацете Ви се зафатени.
Добра осветленост
Фаровите во LED технологија припаѓаат кон сериската опрема на Audi Q3 Sportback. Опционално можете да се одлучите и за Matrix LED фарови со динамични трепкачи. Audi Matrix LED технологијата селективно ги исклучува светлата кога ќе препознае возила кои доаѓаат од спротивната страна - остатокот на коловозот останува осветлен. Динамичните трепкачи нудат висок степен на препознатливост.
1 Информации за компатибилни мобилни телефони ќе добиете кај Вашиот партнер на Audi или на www.audi.com/bluetooth.
2 Подетални информации за Audi connect ќе добиете кај Вашиот партнер на Audi.
3 Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека системите за помош на возачот може да му помагаат на возачот при возењето само во рамките на конкретните системски граници. Одговорноста и потребното внимание за време на возењето секогаш припаѓаат на возачот.