-
Пребарај
Простран и варијабилен: концептот за простор
Поради своите големи димензии, новиот Audi Q3 се позиционира во високата класа на компактни теренски возила: типично за оваа класа, тој нуди удобно влегување и добра прегледност, а истовремено и спортска позиција на седење. Управувачот е соодветно цврсто поставен. Седиштата можат по желба електрично да се поставуваат. Неговото долго меѓуоскино растојание овозможува сеопфатна понуда на простор за колената, главата и лактите. Еден од неговите врвни перформанси е и поделбата на просторот со високо ниво на варијабилност како дел од сериската опрема: Задната клупа може да се помести во должина, а нејзините наслони поделени во три дела можат да се поместуваат во однос на наваленоста во седум нивоа.
Практични детали
Подот за товарање може да варира во три нивоа, при што долниот раб за товарање од 748 милиметри го олеснува сместувањето на тешкиот багаж. Доколку не Ви е потребна преградата за шапки, за неа има место под подот за товарање. За дополнителен комфор при патувањето, Audi опционално Ви го носи пакетот за прегради и багажен простор. Покрај мрежите на задната страна од предните седишта и преградата под седиштето на совозачот, тој пакет меѓу другото содржи и мрежа за багаж како и LED-светла во задната врата за осветлување независно од товарањето. Непречениот пристап до багажниот простор го овозможува лектричната задна врата.
Варијабилен во секој поглед
Задната клупа може да се помести во должина за 150 милиметри. Нејзините наслони поделени во три дела и во сооднос 40:20:40 може да се поместуваат во однос на наваленоста во седум нивоа. Опционално, постои средишен потпирач за раце за патниците во задниот дел, во кој сериски се интегрирани два држачи за чаши. Во зависност од позицијата на задната клупа и наслоните, багажниот простор нуди 530 односно до 675 литри волумен. Со спуштени наслони може да добиете и до 1525 литри.