-
Пребарај
Варијабилна и индивидуална Внатрешноста на Q2
Едноставно функционална, а истовремено толку индивидуална колку и самите Вие: со високиот влез, добрата прегледност и просторниот багажен простор, внатрешноста на Audi Q2 ги исполнува сите основни очекувања од едно теренско возило. Ентериерот обработен со перфекционизам типичен за Audi, нуди бројни можности за индивидуализирање.
Внатрешноста на Q2 нуди висок степен на функционалност: багажниот простор има волумен од 405 литри, а со спуштена задна клупа, дури 1050 литри - многу простор за спортска опрема или голем шопинг. Вратата од багажниот простор по желба може да се отвора и затвора електрично. Практичен детаљ: отвор за транспорт во опционално триделната задна клупа го олеснува транспортот на скии.
Брилијантен поглед Audi Virtual Cockpit
Уште една одлична карактеристика на Audi Q2: опционално достапниот Audi виртуелен кокпит, чијшто екран со 12,3 инчи нуди брилијантна графика со висока резолуција и два режими на приказ. Во едниот има мерач на број на вртежи и техометар во средина, во другиот има податоци од Infotainment или навигациски податоци. Друга технологија од високата класа е опционално достапниот Head-up дисплеј. Тој ги прикажува најважните информации на стаклена површина директно во видното поле на возачот. Тоа може на пример да бидат навигациски податоци, актуелни податоци за брзината и предупредувачки напомени.
Индивидуализација
Вие имате свој стил. А Q2 нуди бројни можности за негово изразување. Сивата боја е дел минатото, покажете храброст кога станува збор за боите. За декоративните лајсни и делови од седиштата, на располагање стојат бои како жолта, портокалова и црвена. Првите може да се добијат дополнително во бела пластика или четкан алуминиум. Изборот на навлаки за седиштата се протега од висококвалитетни текстилни материјали до Feinnappa кожа.
Во мрак, опционално достапниот пакет на LED светла ја осветлува внатрешноста на особено атрактивен начин. Врвно изведените LED светлосни водилки во хомогено светло ги осветлуваат пластично оформените декоративни лајсни на предниот дел на инструментната табла и облогата за колена. За нив, на избор Ви стојат десет бои.
ПРОГРЕСИВЕН УПРАВУВАЧ
Стандарден кај сите варијанти на Audi Q2 е прогресивниот управувач, кај којшто запчестата прачка е на тој начин назабена, што преносот варира зависно од аголот под кој е завртен управувачот. При поголемо вртење на управувачот, тој станува подиректен, а со тоа возењето станува подинамично.
AUDI DRIVE SELECT
Опционално достапниот систем за динамично возење Audi drive select со режимите auto, comfort, dynamic, efficiency и individual влијае помеѓу другото на управувањето и карактеристиките на менувањето степени, како и на опционално достапното подвозје со адаптивно регулирање на амортизацијата.