-
Пребарај
Енергичен и самоуверен Надворешниот дизајн на Аudi Q2
4,19 метри долг. 1.205 килограми лесен. 2,60 метри меѓуоскино растојание. Убедлива Cw вредност од 0,30. Тоа се впечатливите бројки. А уште повпечатливо е она што го гледате: теренско возило коешто веќе на прв поглед ја покажува својата снага. Со широки рамена и остри линии, тој зрачи со енергија и самодоверба. Доживејте го Audi Q2.
Двата големи, снажно оформени отвори за воздух и високо поставената Singleframe решетка на ладилникот на предниот дел му даваат јасен изглед на теренско возило. Гледано отстрана, линијата ја нагласуваат рабовите и полигоните. Посебна карактеристика е спојлерот во контрастна боја на ниско изведениот C столб, што има можност индивидуално да се одреди. Над високата линија на рамената, се наоѓаат ниски прозорски стакла коишто во споредба со лимените површини зафаќаат околу една третина од просторот. Крилата се вовлечени во пределот на вратите. Тие ги потенцираат тркалата, а со нив и Quattro карактерот на ова компактно теренско возило.
Долгиот спојлер на работ на покривот, моќно заоблениот браник и дифузорот со изглед на заштитен елемент на подвозјето, на задниот дел му даваат една динамична завршница. На левата страна, системот за издувни гасови завршува во една или две издувни цевки. Исто како и клиновидните фарови, и задните светла по желба може да емитуваат светлина во LED технологија, а во задниот дел опционално може да има прецизни динамични трепкачи.
Matrix-LED светла
Панорамски сончев кров
Интегриран заден спојлер
Запознајте ја внатрешноста на Q2
Едноставно функционална, а истовремено толку индивидуална колку и самите Вие: со високиот влез, добрата прегледност и просторниот багажен простор, внатрешноста на Audi Q2 ги исполнува сите основни очекувања од едно теренско возило. Ентериерот обработен со перфекционизам типичен за Audi, нуди бројни можности за индивидуализирање.