-
Пребарај
ВИСТИНСКИ КАРАКТЕР. НОВИОТ AUDI Q2.
Новиот Audi Q2 стапува на сцена - урбан тип со маркантен изглед, самостоен карактер
и сосема нов, геометриски јазик на дизајнот. Нагласено самоуверен и со моќни TFSI и
TDI мотори, кои обезбедуваат 116 до 190 КС и опционално може да се добијат со
постојан погон на сите тркала quattro. Неговата опрема ги исполнува сите желби и
содржи карактеристики коишто досега беа резервирани само за врвната класа
автомобили.
А Connectivity? Поставува пример со Audi музичкиот интерфејс и најновата генерација
на Infotainment и Sound системи.
ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА AUDI Q2
ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА Q2.
НЕЗАМЕНЛИВ: НАДВОРЕШНИОТ ДИЗАЈН
Предниот дел на возилото го краси високо поставената Singleframe решетка на ладилникот со октагонален дизајн. Посебно упадливо: накосениот покрив налик coupé завршува во столбот C со спојлер во контрастна боја.
ВАРИЈАБИЛНА И ИНДИВИДУАЛНА: ВНАТРЕШНОСТА
Не е само практична - по желба, Q2 може да содржи електричен капак од багажниот простор и триделна задна клупа - туку и приспособлива како ретко која друга. Изразените бои на навлаките на седиштата и украсните лајсни оставаат доволно простор за индивидуално обликување.
ВПЕЧАТЛИВО ВМРЕЖЕН: CONNECTIVITY CONNECTIVITY
Audi Q2 е веќе сериски опремен со голем монитор на ММИ, со којшто може да се ракува преку прекинувач за вртење и притиснување и две копчиња на средишниот тунел. Достапно со доплата: ММИ навигација плус со ММИ на допир и WLAN-Hotspot. Преку Audi интерфејсот за паметен телефон се поврзуваат мобилни телефони со iOS и Android. Висока технологија со највисоки стандарди нуди опционалниот Audi виртуелен кокпит: инструментната табла во форма на LCD екран со висока резолуција и 12,3 инчи ги презентира информациите обемно и сестрано.
ЧИСТО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО: МОТОРИ И ПОГОН
Audi Q2 стартува со понуда од шест мотори - секој од нив со нов прогресивен управувач, кај којшто преносот варира зависно од аголот на управувачот. Адаптивните амортизери се опционално достапни, исто како и Audi drive select, со којшто возачот може да ги одреди индивидуалните карактеристики на неговиот Q2.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО AUDI Q2 ОД СИТЕ СТРАНИ
Со широките рамена и острите линии, тој зрачи со енергија и самодоверба. Доживејте го Audi Q2.