-
Пребарај
quattro принцип исто толку фасцинирачки колку и едноставен
Принципот е едноставен, а резултатот фасцинирачки. quattro® постојано ја распределува погонската сила на сите четири тркала. Резултат е драстично поголема влечна сила, подбро забрзување, одлична стабилност при влегување во кривини и возна стабилност како и извонредна возна динамичност.
Тоа го прави quattro иновативен погон на скоро секакви подлоги. Од дебито на
првиот quattro погон до денес се стеснува широкиот лак на иновации и технологии.
Веќе повеќе од 30 години Audi се вбројува во производителите на автомобили со
водечка технологија кај погонот на четири тркала и беше еден од неговите водечки
пионери. А развојот оди понатаму. На врвот на технологијата на погон на четири
тркала стојат три варијанти на quattro погонот:
- Постојан погон на четири тркала quattro
- Постојан погон на четири тркала quattro со централен диференцијал со запчаници во крунеста форма (кај возила со S tronic®) одн. самоблокирачки централен диференцијал и контрола на вртежен момент на избрано тркало
- quattro со спортски диференцијал