-
Пребарај
Ни блиску до граничните вредности Уште поголема спортска динамика
За уште поголема спортска динамика, Audi quattro поседува спортски диференцијал. Спортскиот диференцијал има ефект особено при возење во кривини. Тој активно ја распределува погонската сила помеѓу задните тркала. Тоа резултира со значително поголемо задоволство при возењето. Може да се почувствува зголемувањето на агилноста и поголемата леснотија при управувањето и при сосема секојдневните возни ситуации, не само кога ќе дојдете близу граничните вредности.
Принцип
- Дополнително ја распределува погонската сила помеѓу тркалата на задната осовина
- По потреба, погонската сила на задната осовина се префрла целосно на само едно од двете тркала.
- Наместо да се сопре тркалото, кое што се наоѓа на внатрешната страна на кривината, при управувањето или забрзувањето во кривината, намерно се префрла повеќе сила на тркалото, кое што се наоѓа на надворешната страна на кривината.
Ефект
- Погонската сила рамномерно го води возилото кон кривината. Таа го следи правецот на предните тркала.
- quattro со спортски диференцијал ја распределува погонската сила брзо и континуирано. Тој веднаш реагира за да го спречи напуштањето на идеалната линија.
- Исчезнува отпорот при управувањето, односно туркањето преку предната осовина..
- Спортскиот диференцијал има ефект и при слободно движење на пр. со притиснато квачило.
Задоволство при возењето и влечна сила
- Значително поголема агилност при динамично возење во кривини
- Возилото ја менува насоката поспонтано и подиректно во кривината и значително подолго време ја одржува коловозната лента.
- Значително поголемо задоволство при возењето