-
Пребарај
Следен степен на еволуцијата Ефикасност, прецизна и моќна
Audi ја направи quattro® технологијата уште поефикасна, попрецизна и помоќна. Следниот степен на еволуцијата на постојаниот погон на четири тркала содржи нов самоблокирачки централен диференцијал и електронски регулирана контрола на вртежен момент на избрано тркало. Кривините можат пред сé да се поминат уште попрецизно и подинамично.
Во зависност од менувачот, контролата на вртежниот момент на избрано тркало е поврзана со централниот диференцијал со запчаници во крунеста форма (S tronic®) или со самоблокирачкиот централен диференцијал. Во секој случај иновативната комбинација нуди извонредни динамични возни карактеристики. Резултат е значително поголемото задоволство при возењето и подобра влечна сила.
Принцип
- Распределба на погонската сила: 60 % на задната осовина, 40 % на предната осовина - што овозможува голема влечна сила и добра возна динамика.
- Доколку една од осовините загуби на влечна сила, може да се пренесе до 85 % од погонската сила на задната осовина и до 70 % на предната осовина.
- Контролата на вртежен момент на избрано тркало овозможува распределба на погонската сила на секое поединечно тркало.
- Прераспределба на силата и вртежниот момент без временско одложување и сето тоа уште пред тркалото да пролизга
- Распределбата на силата секогаш се приспособува на возната ситуација и начинот на возењето.
Ефект
- Подобрена влечна сила со помош на молскавично брза распределба на погонската сила
- Контролата на вртежен момент на избрано тркало обезбедува дополнителна сила при вртењето и спречува пролизгување на тркалото.
- Резултатот од тоа е намален отпор при управувањето, при што се овозможува возење со поголема брзина при преминувањето на свиоци.
- Предноста во однос на тежината и функциите на централниот диференцијал со запчаници во крунеста форма ги зголемува ефикасноста и агилноста.
- Помали шанси за недоволно завртување при вртење и забрзување. ESP интервенира подоцна и поблаго.
Задоволство при возењето и влечна сила
- Извонредна стабилност при одржувањето на коловозната лента и одлична прилепеност за тлото, како и извонредна агилност