-
Пребарај
QUATTRO ПОСТОЈАНИОТ ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА QUATTRO.
30 години quattro значат 30 години предност преку техниката. Од легендарниот најпрв Quattro преку многубројните успеси во мотоспортот, па сè до најновите конструкции како што се quattro со средишен диференцијал што самиот се блокира и управување со моментот на поединечно тркало и спортски диференцијал: перманентниот погон на сите тркала quattro е победникот, којшто и понатаму продолжува да ја пишува својата историја на успеси.
Принципот е едноставен, резултатот е фасцинантен. Quattro ја распределува погонската сила перманентно на сите четири тркала. Резултатот може да се почувствува во поголемата тракција, подоброто забрзување, одличната стабилност на кривини и при целото возење, како и во извонредната возна динамика.
Ова го прави quattro да биде иновативен погон на речиси сите подлоги. Од дебитирањето на првиот quattro па сè до денес, се проширува лепезата на иновации и технологии. Веќе над 30 години Audi се вбројува во технолошки водечките производители на автомобили со погон на сите тркала и беше еден од пионерите што ги постави стандардите. И тој развој продолжува. На врвот на технологијата на сите тркала се трите варијанти на погонот quattro:
* перманентен погон на сите тркала quattro
* перманентен погон на сите тркала quattro со средишен диференцијал што самиот се блокира (кај возила со S tronic) односно со средишен диференцијал што самиот се блокира и управување со моментот на поединечно тркало
* quattro со спортски диференцијал
Погоните quattro се достапни за сите класи на модели на Audi.