-
Пребарај
Традиција на Audi Клучни датуми на марката
Трогателна и многустрана историја: Традицијата на AUDI AG во автомобилското и моторното производство се протега уште од 19. век. Најважните клучни датуми:
Аугуст Хорх и Audi
1899: Аугуст Хорх со Horch & Cie. Motorwagenwerken ја основа историјата на
Audi. Десет години подоцна Аугуст Хорх ја основа својата втора автомобилска
компанија: Audi фабриката за автомобили во Цвикау
Четири марки - четири прстени
1932: Четирите меѓусебно испреплетени прстени го симболизираат обединувањето на
четирите саксонски, автомобилски фирми Audi, DKW, Horch и Wanderer во Auto Union
AG. Auto Union AG со своето основање беше вториот по големина автомобилски концерн
во Германија.
Четири прстени - Audi
Употреба на синергии - под ова мото марката Audi развива една доследна платформска
стратегија: преден погон од DKW, мотори од Wanderer и каросерии од Horch по 1933
година ја оформуваат палетата на модели на Audi.
Четири прстени - DKW
Производите на DKW важат за наменски, безбедни, економични и ефикасни. Марката DKW
ги понуди волуменските модели на Auto Union и имаше одлучувачко значење за
економскиот развој на новиот концерн.
Четири прстени - Horch
Фабриките на Horch во Цвикау отсекогаш биле верни на начелото на основачот на
фирмата Аугуст Хорх, да конструираат само силни и добри возила. На тој начин и во
Auto Union автомобилите на Хорх се позиционирани во премиум сегмент.
Четири прстени - Wanderer
Со основањето на Auto Union AG автомобилската марка Wanderer стана претставник на
средната класа. Во следните години имиџот на марката беше зацелен и изграден во
насока на спортски прогресивен.
Нов старт во Инголштадт
1949: Од едно депо за резервни делови за Auto Union во стариот гарнизонски град
Инголштадт настана Auto Union GmbH. Новото општество ја продолжи традицијата на
возила со четири прстени.
Преродба на марката Audi
1965: Новиот DKW Modell F 102 за прв пат се појавува по војната со 4-тактен мотор.
Новата ера е желна за нова ознака на производ: богатото со традиција име Audi го
доживува своето воскреснување.
Обединувањето со NSU
1969: Под раководство на фабриката на Volkswagen AG доаѓа до обединување помеѓу
Auto Union GmbH и фабриките за мотори NSU, со седиште во Некарсулм. Новата
корпорација ја носи ознаката Audi NSU Auto Union AG.
Напредок низ технологија
Широката палета на модели на Audi und NSU со многу различни мотори и погонски
концепти во 1971 година доведе до нов рекламен слоган, кој што оттогаш ги прати
вештините на корпорацијата како порака насочена кон целта: "Vorsprung durch
Technik" ("Напредок низ технологија")