-
Пребарај
AUDI [ЛАТИНСКИ: AUDI = СЛУШАЈ] ТЕХНОЛОГИИ ЗА ИНТЕЛИГЕНТНА ИДНИНА.
Да слушаш некого е нешто моќно. Да ги слушаш луѓето е инспиративно. Нивните интуиции и инстинкти. Важно е да се слуша нивното срце - и нивните мисли што остануваат неизговорени. Но, одлучувачки е не само да слушате. Туку и да сослушате. Ние сослушуваме - за да можеме да ги пронајдеме вистинските одговори. Бидејќи сослушувањето е почеток на сè. Тоа не е само во нас. Тоа е симболиката и на нашето име.
СЛУШАЈ
Само оној што го слуша тоа што се брои, може да најде решенија што се бројат. Иднината крие многу прашања. Ние слушаме за уште денес да ги пронајдеме одговорите. За развојот, трендовите и анализите. И ги препознаваме потребите, за коишто веќе развивме решенија. За една иднина полна со фасцинантни моменти.
АЛТЕРНАТИВНИ КОНЦЕПТИ НА ПОГОН
НОВА СИЛА ЗА НОВИ ПАТИШТА.
Ние слушаме - и разбираме дека патот води кон CO₂ неутрална иднина преку алтернативни погони. За таа цел, се залагаме за најразлични решенија: веќе и денес се применува Audi e-tron технологијата во Audi A3 Sportback e-tron и Q7 e-tron quattro. Поглед кон чисто електричната иднина дава и концептот Audi e-tron quattro.
Во револуционерните процеси дури користиме CO₂ како суровина и ја претвораме во Audi e-fuels. Со Audi A3 Sportback g-tron, Audi веќе ја следи CO₂ неутралната мобилност за долги патеки со Audi e-gas. На тој начин, даваме придонес кон CO₂ неутралното возење.
CONNECTIVITY
МОБИЛНОСТ ШТО РАЗМИСЛУВА ЗАЕДНО СО ВАС.
Ние слушаме - и разбираме дека на интелигентниот свет му се потребни интелигентни возила. Затоа, антиципираме уште денес со нашите технологии кон барањата на иднината. И развиваме системи, што мислат заедно со Вас. А дури мислат и однапред. Гледаат и слушаат. И се поставуваат кон индивидуалните потреби на возачот. Со цел за непречено поврзан систем кој ќе служи за поголема безбедност и уживање на патиштата.
ЈАЗИК НА ДИЗАЈНОТ НАСОЧЕН КОН ИДНИНАТА.
Ние слушаме - и разбираме дека дизајнот не само што мора да биде прогресивен, туку неговата функционалност треба да соодветствува и на индивидуалните потреби на возачот. И тоа, на што е можно поразновиден начин. Пример за тоа се Audi Matrix LED фаровите со милиони сценарија на светлина. Во ентериерот користиме модерни технологии на дисплејот и истите ги интегрираме во нашиот прогресивен дизајнерски јазик. За технологиите за светло и индикатори и за дизајнот на Audi - нашиот придонес кон интуитивна и иновативна иднина.