-
Пребарај
Audi e-tron GT светска премиера
2021-02-04
Одржливост, емоционален дизајн и високи перформанси: новиот Audi e-tron GT ги комбинира овие квалитети во повторното толкување на "Напредок низ Техника".
Светската премиера на електричниот знаменосец на четирите прстени ќе се одржи со два дигитални настани на 9 февруари 2021 година.
Audi организира виртуелна презентација на новиот Audi e-tron GT како дел од Денот на напредокот. Виртуелниот настан започнува во 13 часот.
Во делот на презентацијата наречен Спринт на напредокот, моделот ќе ги демонстрира сите карактеристики со високи перформанси на модерната електромобилност.
Светската премиера на Audi e-tron GT потоа ќе се одржи како дел од едночасовната Прослава на напредокот во 19 часот. Markus Duesmann, CEO на AUDI AG и Hildegard Wortmann, член на Управниот одбор за продажба и маркетинг, заедно со понатамошни истакнати гости како дизајнерката Stella McCartney, ќе ги претстават најважните моменти на новиот модел. И двата настани ќе бидат виртуелни.
Со овој нов модел AUDI AG напредува понатаму со својата трансформација во снабдувач на одржлива премиум мобилност и го дефинира "Напредок низ Техника".