• A3
  • A4
  • A5
  • A6
  • A7
  • A8
  • Q2
  • Q3
  • Q5
  • Q7
  • Q8

Започна производството на Audi e-Tron GT

2020-12-10

Производствените капацитети во фабриката во Neckarsulm беа надградени и проширени, со цел да се задоволат потребите за производтво на возило какво што е e-tron GT. Напредни дигитални и виртуелни методи беа искористени за планирање на процесите како во производната лента, така и околу логистичките прашања. Од Audi кажуваат дека целото производство на Audi e-Tron GT е дизајнирано без физички прототипови - односно целосно виртуелно.

Целиот процес во Böllinger Höfe погонот наменет за производство на спортски возила е карбон-неутрален, а целата фабрика во Neckarsulm користи електрична енергија од еколошки, обновливи извори, додека целиот погон се загрева со био-гас. Дополнително, за оние процеси каде емисијата на CO2 не може да се елиминира, Audi купува карбон-кредити од сертифицирани проекти за заштита на климата.

Врвната изведба на Audi e-tron GT ќе биде дел од RS семејството на германскиот бренд, а со тоа ќе биде и првиот целосно-електричен модел од оваа гама на возила. Audi RS e-tron GT всушност дели голем дел од платформата со електричниот Porsche Taycan (кој неодамна го возевме) и се очекува да располага со околу 600, односно 650 коњски сили.

Официјалното деби на Audi e-tron GT е закажано за почетокот на следната година, кога ќе бидат отворени и нарачките.