• A1
  • A3
  • A4
  • A5
  • A6
  • A7
  • A8
  • Q2
  • Q3
  • Q5
  • Q7
  • Q8
  • TT

Audi го претстави новиот, подинамичен SQ2

2020-11-17

Како и досега, Audi SQ2 ја користи добро-проверената формула - 2-литарски TFSI турбо-бензинец со 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, 7-брзински S-Tronic менувач со двојна спојка и quattro погон на сите четири тркала. Резултат на сето тоа? "Стотка" за 4.9 секунди и максимална брзина од 250 километри на час.

SQ2 добива нова, пониска Singleframe маска, нови Matrix LED предни светла, LED светла на задниот дел, нови куќишта за страничните ретровизори, нов заден спојлер, нов редизајниран заден браник и уште неколку други детали.

Кабината добива спортски седишта, спортски мултифункционален управувач, нов Audi Virtual Cockpit со Sport дисплеј, нов MMI Navigation Plus или Audi Connect Services со LTE поврзување, Android Auto и Apple CarPlay, како и моќен Bang & Olufsen аудио уред.

SQ2 сега е и уште побезбеден - стандардно ќе го добие Pre-sense системот за безбедност, но и напреден адаптивен темпомат кој овозможува автономно забрзување, намалување на брзината и одржување на коловозната лента.