• A3
  • A4
  • A5
  • A6
  • A7
  • A8
  • Q2
  • Q3
  • Q5
  • Q7
  • Q8

Audi го освежи бестселерот Q5!

2020-06-29

Визуелните измени кај освежениот Q5 не се драстични, но сепак се препознатливи - забележуваме редизајнирани предни и задни светла - на предниот дел светлата имаат целосно-нов облик (кој малку наликува на обликот на светлата кај редизајнираниот A4) и достапни се Matrix LED модули, a задните светла покрај новиот облик и новата графика, користат OLED технологија. Воведени се и две нови бои - District Green и Ultra Blue, а достапни се и неколку нови дизајни на тркалата, a oд Audi кажуваат дека затегнатиот дизајн на Q5 уште повеќе го истакнува Q-идентитетот на овој модел.

Понатаму, забележуваме и редизајнирани браници и други ситни детали, како и освежена кабина со некои нови материјали и дезени на материјалите. Освежениот Q5 добива нов, 10.1-инчен мултимедијален MMI уред со MIB 3 инфозабавен систем, кој дополнително може да се комбинира со 12.3-инчен Virtual Cockpit поставен пред возачот. Секако, тука се сите можност за поврзување со мобилен телефон - меѓу кои и Android Auto и Apple CarPlay. Купувачите можат да нарачаат и екстра играчки - како што е премиум аудио уред од Bang & Olufsen со моќност од 705 вати со 19 звучници.

За европските купувачи најавен е новиот Audi Q5 40 TDI со Mild Hybrid технологии. Овој погон користи 2-литарски турбодизел кој испорачува 204 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, а mild hybrid системот гарантира уште поголема ефикасност. Од Audi кажуваат дека во комбинација со овој погон, Audi Q5 може да троши само 5.3 литри дизел на 100 изминати километри. Забрзувањето до 100 километри на час трае 7.6 секунди а максималната брзина е 222 километри на час.