За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња

Audi Q8.

2019-09-05

Лизинг за победници!

› 36% учество | 35.000 €

› 36 рати х 1.700 

› 3,6% каматна стапка

› 3 години каско

Audi Q8 ја комбинира елеганцијата на луксуз во купе со четири врати со практична разновидност на голем SUV. Богатно опремен, сеопфатно поврзан и доволно моќен за авантурите надвор од патот, тој е сигурен придружник за бизнис и забава. 

Audi Q8 зрачи со спортска динамика и престиж како ниеден друг SUV од брендот со четирите прстени. Долг од 4,99 метри, широк 2,00 метри и висок 1,71 метри, SUV купето е пошироко, пократко и пониско од неговиот сестрински модел Q7. Со меѓуоскино растојание од речиси 3 метри, нуди пространа внатрешност која доминира во однос на своите директни конкуренти во најрелевантните димензии, вклучувајќи ја должината на внатрешноста и височината. 

Со вметнатиот Singleframe во октогонален дизајн, Audi Q8 е новото лице на семејството Q. Решетката за ладилникот стои исправено и заедно со спојлерот кој е поставен кон предниот дел и големите, високо контурирани воздушни приливи, го нагласува самоуверениот изглед. Елегантно опасната покривна линија завршува во нежно наклонети D-столбови и се потпира на Quattro лаковите на тркалата, во кои се сместени 22 инчни тркала.

Дигиталната прецизност од Audi и високото ниво на интеграција на новиот дизајнерски јазик и техлоногија се лесно забележливи. Audi Q8 го добива и најновиот MMI мултимедијален уред и комбинација од два големи дисплеи - еден, 10.1 инчен кој се користи за мултимедија и навигација, а под него има уште еден 8.6-инчен дисплеј наменет за климатизацијата, загревањето и внесувањето на текст.

Опциите кои вклучуваат прилагодени контурни седишта со функција за масажа и вентилација, четири-зонско автоматско климатизирање и пакет за квалитет на воздух дополнително го подобруваат елегантен амбиент.

За Audi Q8 е достапен и дополнителен лизинг пакет со кој возилото може да се добие на:

› 4 рати х 23.000 €

› 3 години отплата

› 2% каматна стапка

› 1 година каско осигурување

За повеќе информации побарајте не на 02 26 03 735 / 02 26 03 736
или пратете ни E-mail на office(kwfat)porsche.com(kwfdot)mk