Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи

Компактни спортски автомобили во врвна форма: Новиот Audi TT RS Coupé и Новиот Audi TT RS Roadster

0-03-17

Audi Sport ја претстави најмоќната верзија на серијата TT, со уште подинамичен изглед, новиот TT RS со сигурност покажува што има да понуди. Неговиот петцилиндричен мотор испорачува 400 метрички коњски сили, придружен со непогрешлив пет цилиндричен звук.

"Новиот TT RS претставува апсолутно врвна форма на спортските перформанси", вели Michael-Julius Renz, извршен директор на Audi Sport GmbH. "Како добро обучен спортист, уште поизразено покажува колку моќ лежи под неговото мускулесто тело". Oliver Hoffmann, технички директор на Audi Sport GmbH, додава: "Извонредните перформанси се постигнуваат со малата тежина, максимално спортски подесена суспензија и нашиот наградуван пет цилиндричен мотор. Ја освоивме најпосакуваната "Меѓународна награда за мотор на годината" со 2.5 TFSI моторот,  деветти пат по ред".

Динамичен изглед: Надворешен дизајн
TT RS никогаш не бил толку моќен. Целосно променетиот преден дел и впечатливиот заден дел даваат целосно динамичен изглед. Логото на quattro во мат-титаниумски финиш изглед е поставен во долниот дел на сјајната црна "Singleframe" решетка. Латералните воздушни приливи, кои се повторно зголемени, се поделени со вертикални ленти во внатрешноста и надворешноста. Дополнителниte радијатори за ладење лоцирани зад типичната RS "honeycomb grill". Латералните воздушни приливи кои се протегаат речиси до предните лакови на тркалата, го прават новиот TT RS поширок и уште позалепен кон подлогата.

Континуираниот преден дифузер, кој се протега до латералните краеви,
го нагласува спортскиот изглед, инспириран од мотоспортот. Моделот RS има сјајна црна апликација во ново дизајнираниот страничен праг. Куќиштето на надворешниот ретровизор е достапно во бои на каросеријата, мат алуминиум, сјајна црна и карбон.

На задниот дел е ново дизајнираното фиксирано крило кое дополнително привлекува внимание. Како дел од аеродинамичниот концепт, крилото ја поддржува типичната RS изведба и ефикасност. Постојат вертикални елементи на двете страни над новиот специфичен RS дифузeр. Двете големи овални издувни цевки создаваат типична завршница на RS.

LED светлата се стандардни. Опционалните матрични LED уреди ги регулираат долгите зраци интелигентно и со голема флексибилност. Опционалните матрични OLED светла за рикверц (органски светлосни диоди) со 3D дизајн го дистрибуираат своето екстензивно светло со екстремна хомогеност и прецизност. Кога се вклучува автомобилот, OLED светлата за рикверц прават спектакуларен приказ. Во внатрешноста, управувачот е обележан со црвена линија на горниот дел.

Новиот TT RS е достапен во осум различни бои, вклучувајќи ја и новата RS специфична боја Kyalami зелена и новите бои Pulse портокалова и Turbo сина. На барање, стајлинг пакетите на мат алуминиумски и сјаен црн го нагласуваат дифузерот и задното крило. Сјајниот црн стилски пакет ги вклучува прстените на Audi и логото на моделот TT RS во црно на предната и задната страна како опција. Текстилниот покрив на TT RS Roadster е црн. Audi ексклузивната програма нуди разни дополнителни можности за индивидуализација.

Докажани перформанси: 2.5 TFSI

Петцилиндарски, 294 kW (400 метрички коњски сили) моќност, 480 Nm, quattro погон на сите тркала - Audi TT RS импресионира со внатрешни вредности и нуди извонредни возни перформанси. Моделот Coupé остварува брзина од 0 до 100 км/ч за само 3,7 секунди. Музичката придружба е обезбедена со типичниот пет цилиндричен звук: 1-2-4-5-3. Поради оваа секвенца на вклучување на цилиндрите, вклучувањето се менува помеѓу соседните цилиндри и оние што се далеку оддалечени еден од друг. Овој уникатен ритам е музика за ушите на многу автомобилски ентузијасти.

Минатата година, Audi Sport ја доби најпосакуваната награда "Меѓународна награда за мотор на годината" за 2.5 TFSI моторот по деветти пат по ред. Турбо моторот ја црпи својата моќ од 2.480 cm3 моторниот блок. Највисокиот вртежен момент на моторот од 480 Nm е достапен помеѓу 1.950 и 5.850 вртежи во минута. Највисоката брзина е регулирана на 250 км/ч или на 280 км/ч.

Силите на пет цилиндричниот мотор се движат преку седумстепениот S-tronic до quattro постојаниот погон на сите тркала, кој ја дистрибуира потребната моќ помеѓу оските преку менувачот со двојна спојка. Селективна контрола на вртежниот момент на тркалата го прави управувањето уште поагилно и побезбедно. Возачот може да го користи динамичниот систем за ракување на Audi кој влијае на Quattro drive и другите компоненти како што се управувачот, S-tronic менувачот, карактеристиките на моторот и издувните клапи. Четирите расположливи режими се комфорот, автоматски, динамичен и индивидуален.

Чиста динамичност: Суспензијата

Ниската тежина од 1.450 кг и спортската суспензија ги обезбедуваат основните предуслови за одличното управување со Audi TT RS. Прогресивното управување адаптирано посебно за RS обезбедува близок контакт со патот. На предната оска, вентилираните и перфорираните челични дискови дејствуваат зад 19 или 20 инчните тркалата. Сопирачите се стандардни во црна боја, но достапни се и во црвена боја. Како опција, RS спортската суспензија PLUS е достапна со адаптивни амортизери со технологијата на Audi за магнетно возење. Нивната контролна технологија е исто така интегрирана во динамичниот систем за управување на Audi.

 

Инспириран од мотоспортот: Внатрешноста

Контролите и екранот во новиот TT RS се целосно фокусирани на возачот. RS спортските седишта со ромбоиден дизајн во Alcantra или опционално со "Honeycomb" шара на кожа, како и логоата на RS на седиштата, воланот, праговите на вратите и педалите за менувачот на воланот го потенцираат спортскиот карактер на ова купе со 4 седишта. Специјалните RS екрани во стандардната виртуелна пилотска кабина на Audi "Virtual Cockpit" со екран од 12,3 инчи обезбедува информации за притисокот во гумите, вртежниот момент и Г-силите. Во рачниот режим, приказот на светлото за менување на брзината го поттикнува возачот да премине во следната брзина кога ќе се достигне максималниот вртежен момент. Во прилог на мултифункционалните копчињата, спортскиот кожен волан на RS со менувачки педали има две контроли за вклучување и исклучување на моторот, како и динамичен систем за управувањее на Audi.

Новиот RS пакет дизајн додава црвени или сини моменти на воздушните вентили кај вратите од автомобилот, безбедносните ремени и подните подлоги со логото на RS. Проширениот дизајн на RS исто така нуди контрастни елементи за дизајн на седиштата и централната конзола.

Современ: Инфо-забавениот систем на TT RS

Audi исто така нуди голем број на инфо-забавни карактеристики. Опциите вклучуваат MMI навигација Plus со допир, вклучувајќи бесплатно пребарување на текст и контрола со гласовни команди со природен говор, како и Wi-Fi hotspot и интернет модул за поврзување на Audi. Онлајн услугите се поврзуваат со возилото преку брз LTE модул. Интерфејсот за паметни телефони на Audi ги поврзува паметните телефони со TT RS и може беспрекорно да пренесува содржини до Audi виртуелната пилотска кабина преку USB. Звучниот систем Bang & Olufsen обезбедува одлично звучно искуство со моќност од 680 вати.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи