Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи
Audi Новости

Светска премиера на електричниот супер-автомобил Audi PB18 e-tron concept

2018-09-12

За прв пат, Audi ќе презентира дизајн и технички концепт на автомобил на познатиот автомобилски собир Pebble Beach Automotive Week во Монтереј, Калифорнија. Целосно електричниот суперавтомобил Audi PB18 e-tron претставува радикална визија на спортски автомобил со високи перформанси кој изгледа како да доаѓа од иднината. Станува збор за концепт на електричен двосед дизајниран од новото студио на Audi во Малибу, Калифорнија, каде дизајнот постојано беше надградуван. Техничкиот концепт на e-tron PB18 има придобивки од долгите години на Audi во освојување на познатата трка Le Mans. Скратеното име "PB18 e-tron" се однесува и на Pebble Beach местото за премиера, како и на технолошката ДНК, која овој суперавтомобил ја дели со успешниот тркачки автомобил LPR1 Audi R18 e-tron.

Од сликата се видливи спортските линии на возилото, предните препознатливи LED светла, како и "крилата" на кровот каде се сместени камерите кои ја преземаат улогата на ретровизори.

-          Ние сакаме да му понудиме на возачот искуство што инаку е достапно само во тркачките автомобили како што е Audi R18. Затоа го развивме ентериерот околу идеалната позиција на возачот во центарот. Сепак, нашата цел беше да му дадеме на PB18 e-tron висок степен на секојдневна употребливост, не само за возачот, туку и за потенцијалниот патник, изјави Gael Buzyn, шеф Audi Design Loft во Малибу.

Audi PB18 e-tron ја следи традиционалната архитектура на спортски автомобил.Тежиштето на автомобилот се наоѓа зад седиштата и пред задната оска - што е од корист за динамиката на возење. Ова не вклучува конвенционален менувач, како во автомобилите со внатрешно согорување

Миксот на алуминиумски, јаглеродни и мулти-материјални композити овозможува телото на Audi PB18 e-tron да има ниска основна тежина. Благодарение и на релативно лесната батерија, може да се очекува вкупна тежина помала од 1.550 kg.

Audi PB18 e-tron е долг 4,53 метри, широк 2 метри и висок 1,15 метри. Самите димензии зборуваат за класичен спортски автомобил. Меѓуоскиното растојание изнесува 2,70 метри и преклопите се компактни. Она што е за истакнување се 470те литри багажен простор, нешто кое што обично дефицит кај спортските автомобили, но не и кај ПБ18 е-tron.

Концептот користи три моќни електрични мотори - еден напред и два во задниот дел. Вторите се централно лоцирани меѓу управувачките зглобови, секој директно управува со едно тркало преку полуоски. Тие даваат моќност до 150 kW до предната оска и 350 kW во задниот дел, со што го прават Audi PB18 e-tron вистински quattro. Максималниот излез е 500 kW, но со буст од страна на возачот може привремено да се мобилизираат до 570 kW. Комбинираниот вртежен момент до 830 њутн метри. овозможува забрзување од 0 до 100 км / ч за нешто повеќе од  2 секунди.

Во нормалниот патен сообраќај, возачот може да ја ограничи максималната брзина во корист на опсегот. Ова ограничување е лесно да се деактивира на тркачката патека и може да се прилагоди на локалните услови.

Фокусот е Audi не е само во моќни перформанси, туку и максимална ефикасност. Додека се вози, Audi PB18 e-tron обновува големи количества енергија: до умерено сопирање, електричните мотори се единствено одговорни за забавување на возилото. Хидрауличните сопирачки доаѓаат во игра само за силно сопирање.

Батеријата со течно ладење има енергетски капацитет од 95 kWh. Целосното полнење овозможува опсег од над 500 километри. Audi PB18 e-tron е веќе дизајниран за полнење со напон од 800 волти. Ова значи дека батеријата може целосно да се полни за околу 15 минути.

Audi PB18 e-tron, исто така, може да се полни безжично преку индукција со Audi Wireless Charging (AWC). Ова се прави со поставување на рампа за полнење со вграден калем на подот каде што автомобилот треба да биде паркиран и поврзување со напојување. Алтернативното магнетно поле предизвикува наизменичен напон во секундарната серпентина поставена на подот на автомобилот, низ воздушниот јаз.

Audi во меѓувреме гради ново семејство на визионерски автомобили од 2017 година како преглед за следната деценија - електрично напојување и прецизен фокус на нивните соодветни сценарија за употреба.. Audi Aicon започна со работа на IAA 2017, a PB18 e-tron сега обележува уште една пресвртница. Дополнителни концепти на возила, како што се оние на пример за градски сообраќај, веќе се развиваат и ќе го направат своето јавно деби во наредните месеци.

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи