ДВЕ ПОБЕДИ ЗА AUDI НА „BEST CARS 2017“

2017-01-27

Audi на "Best Cars 2017" освои две победи. Audi A1 беше најдобар во изборот на читателите на списанието "auto motor und sport" во категоријата "Мали возила", а Audi A3 победи во "Класата на компактни возила". Доделувањето на наградите се одржа денес во Штутгарт.

Руперт Штадлер, претседател на Управниот одбор на AUDI AG: "Двојната победа на "Best Cars 2017" ни дава поттик за новата година. Овој успех го покажува следното: одушевеноста од нашите автомобили не е намалена. Тоа ни дава сила на нашиот пат кон иднината." Дитмар Фогенрајтер, раководител на Продажба и маркетинг на AUDI AG дополнува: "A1 и A3 ги нудат сите квалитети на Audi во компактна форма. Поради овој успешен концепт, и двата модела постојано се продаваат во голем број. Ние очекуваме побарувачката за премиум автомобили за градско возење и понатаму да расте.

Доделувањето на наградите на "auto motor und sport" оваа година се одржа по 41-ви пат. Читателите на реномираното стручно списание ги избраа нивните фаворити во 11 категории од вкупно 378 модели. Во секоја категорија, публикацијата објави еден вкупен и еден увозен победник. 20,7 проценти од читателите, во категоријата "Мали возила" гласаа за Audi A1, со 17,1 процент тие во "Класата на компактни возила" го избраа Audi A3. Освен тоа, Audi Q7 во категоријата "Големи SUV/теренски возила" со 10,4 проценти го освои второто место. Трети места освоија Audi A4 во "Средната класа", Audi A6 во "Високата средна класа", Audi R8 Spyder* во класата на "Кабрио возила" и Audi Q2 во категоријата "Компактни SUV/теренски возила".

Ние користиме cookies за да го направиме вашето искуство на нашиот вебсајт подобро.
Продолжи