-
Пребарај
USB КОНЗОЛА ЗА ВАШИОТ AUDI
Едноставно поврзете го USB-стикот или уредот за репродукција на медиуми на USB-конзолата - и веќе уживате во Вашите омилени песни додека патувате. Со него, секогаш ќе ја имате со себе Вашата збирка на најдобри песни за возењето во Audi A3, A4 Cabriolet или Audi TT.
Подготовката за USB се наоѓа во фиоката за ракавици на возилото. Поради тоа, истовременото работење на USB-конзоалта, CD-менувачот и подготовката за iPod не е возможно бидејќи сите три уреди го користат истиот приклучок на радиото односно навигацискиот систем. Мемориските стикови може директно да се приклучат, а другите уреди за репродукција на медиуми преку USB продолжен кабел.
Преку радиото или опционалниот повеќефункциски управувач на Вашето возило, може да ги репродуцирате музичките датотеки на Вашиот USB-стик/уред за репродукција на медиуми - ракувањето се врши преку контролните елементи на CD-менувачот. Наместо 6 различни CD дискови, може да изберете помеѓу шест фолдери коишто на дисплејот и понатаму се означени како CD дискови, и насловите да ги репродуцирате преку музичкиот систем на Вашето возило. Приказ на детали (како наслов на песната или изведувач) не е можен.
ПОДДРЖАНИ МЕДИУМИ И МУЗИЧКИ ДАТОТЕКИ
Подготовката за USB ги поддржува следните формати на датотеки: mp3, wma, wav и ogg vorbis. Некои мемориски медиуми односно уреди за репродукција се однапред тестирани од страна на Audi AG за да се утврди нивната компатибилност со конзолата и се наведени во листа во упатството за употреба. За нив може да се гарантира беспрекорната функција. Кај сите други уреди за репродукција и стикови, се препорачува да внимавате на USB-сертификатот "Certified USB™" или "Certified High Speed USB™".
ТЕСТИРАНИ КРАЈНИ УРЕДИ
Тековно ажурирани информации за мобилните телефони, мемориските медиуми и уредите за репродукција на медиуми тестирани од Audi.
ПОНАТАМОШНИ ИНФОРМАЦИИ
КОНТАКТ ЗА СЕРВИС, ПАРТНЕР НА AUDI
Стапете во контакт со Вашиот Audi партнер за да договорите термини во сервисната работилница и да добиете индивидуални понуди во врска со сервисот и оригиналните Audi делови и додатоци.