-
Пребарај
КОМУНИЦИРАЈТЕ РЕЛАКСИРАНО И БЕЗБЕДНО.
Со интегрираниот уред за разговор со слободни раце, Вашите дланки ќе останат онаму каде што припаѓаат: на управувачот. Адаптерите овозможуваат лесно приспособување на системот на популарните деловни мобилни телефони.
Универзалниот систем е подготвен за Dualband мобилни телефони (D-мрежи и E-мрежи). Подготовката за мобилен телефон опфаќа комфорен уред за разговор со слободни раце, ефикасна надворешна антена, како и уред за полнење. Вашиот мобилен телефон преку адаптер го поврзувате со системот. Истиот може да го добиете кај кој било Audi партнер. Подготовката за мобилен телефон дополнително поседува и Bluetooth интерфејс.
Особено комфорно: со уредот за разговор со слободни раце може да ракувате и преку копчето за говор на сетот на адаптерот или преку опционалниот повеќефункциски управувач. На дисплејот на опционалниот ММИ или опционалниот систем за информирање на возачот ќе добиете информации за телефонските броеви и со нив меморираните информации.
АЖУРИРАЊЕ НА СОФТВЕРОТ ЗА ПОДГОТОВКАТА ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН (BLUETOOTH ИЛИ BLUETOOTH ИНТЕРФЕЈС)
ВО КОМБИНАЦИЈА СО RADIO CONCERT / MMI-RADIO
Бидејќи на пазарот има многу контролни уреди за телефон со различни софтверски
верзии, во одредени околности може да дојде до ограничувања на функцијата при
користењето на новите уреди во комбинација со MMI-Radio. Поради тоа, има редовни
ажурирања на оперативниот софтвер на MMI-Radio / Radio concert, коишто крајниот
корисник самиот може да ги инсталира.
Ажурирање за подготовката за мобилен телефон во комбинација со MMI-Radio.
Напомена: ажурирањето на софтверот за подготовката за мобилен телефон (Bluetooth) или Bluetooth-интерфејс во комбинација со MMI-Radio plus / Radio concert е достапно само во A1, A6, A7 и Q3 од месецот на производство јуни 2011 година (година на модел 2012) и A3 од месец на производство август 2012 година (година на модел 2013).
ТЕСТИРАНИ КРАЈНИ УРЕДИ
Тековни ажурирани информации за мобилните телефони, мемориските медиуми и уредите за репродукција на медиуми тестирани од Audi.
ДОСТАПНИ АДАПТЕРИ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
КОНТАКТ ЗА СЕРВИС, ПАРТНЕР НА AUDI
Стапете во контакт со Вашиот Audi партнер за да договорите термини во сервисната работилница и да добиете индивидуални понуди во врска со сервисот и оригиналните Audi делови и додатоци.