-
Пребарај
ПОДГОТОВКА ЗА IPOD
На овој начин во Вашиот Audi постојано ќе имате илјадници песни: со подготовката за iPod комфорно ракувате со Apple iPod како со CD-менувач. Менувајте ги песните и листите за репродукција преку радиото или опционалниот повеќефункциски управувач на Вашиот Audi A3, Audi A4 Cabriolet или Audi TT.
Подготовката за iPod е приклучена преку уредот за управување со CD-менувач и со тоа радиото ја препознава како CD-менувач односон навигациски уред. Поради тоа, управувањето со iPod-насловите се врши исто како и ракувањето со CD-менувач преку копчињата на радиото или навигацискиот систем плус со ММИ ракување. Истовременото работење на CD-менувачот и iPod адаптерот не е можно, бидејќи двата го користат истиот приклучок на радиото.
Потоечките листи за репродукција на iPod уредот се препознаваат како CD дискови и се прикажуваат со CD1-CD5 во управувањето со CD-менувачот. Со CD6 се препознаваат сите наслови меморирани на iPod уредот. Информациите за изведувачите, насловите, албумите и жанрот меморирани на iPod уредот не се обработуваат од страна на подготовката за iPod.
На дисплејот на радиото односно на навигацискиот систем плус со ММИ ракување се прикажуваат актуелната листа за репродукција, актуелно репродуцираниот наслов и времетраењето на репродукцијата на насловот.
ПОДДРЖАНИ УРЕДИ ЗА РЕПРОДУКЦИЈА
На адаптерите за подготовката за iPod може да се приклучат iPod уреди со Dock конектор, 30-пински рамен приклучок. Преку адаптерите што спаѓаат во обемот на испорака, со подготовката може да се поврзат различни iPod уреди. iPod моделите без Dock конектор, на пр. само со USB приклучок или Firewire приклучок, не може да се приклучат. Подетални информации за поддржаните iPod модели ќе добиете кај Вашиот Audi партнер.
ТЕСТИРАНИ КРАЈНИ УРЕДИ
Тековно ажурирани информации за мобилните телефони, мемориските медиуми и уредите за репродукција на медиуми тестирани од Audi.
ПОНАТАМОШНИ ИНФОРМАЦИИ
КОНТАКТ ЗА СЕРВИС, ПАРТНЕР НА AUDI
Стапете во контакт со Вашиот Audi партнер за да договорите термини во сервисната работилница и да добиете индивидуални понуди во врска со сервисот и оригиналните Audi делови и додатоци.