-
Пребарај
AUDI ОНЛАЈН МУЗИЧКИ ИНТЕРФЕЈС
Audi музичкиот интерфејс благодарение на Audi connect сега е достапен и како Audi онлајн музички интерфејс со интернет радио и WLAN-Hotspot*:
По пат слушајте ги омилените интернет радио станици, наутро разбудете се и уживајте во актуелните подкасти: едноставно изберете ги Вашите омилени од обемната база на податоци за интернет радио и подкасти на домашниот компјутер и Audi онлајн музичкиот интерфејс автоматски ќе се поврзе со домашната WLAN мрежа и истите ќе ги меморира за околу еден час (доколку WLAN мрежата е во досег).
Со приклучување на USB широкопојасен модем ("UMTS-стик") преку опционално достапниот USB кабел со адаптер на Audi музичкиот интерфејс, за време на возењето може комфорно да се избира од многуте интернет радио станици и во истите во живо да се ужива во возилото. Штом се приклучи USB широкопојасен модем, во возилото на располагање добивате WLAN-Hotspot. Со преносен компјутер, iPad или Netbook, патниците во задниот дел може комфорно да повикуваат информации и е-пошта или за време на возењето да сурфаат на интернет.
Audi онлајн музичкиот интерфејс е сместен во фиоката за ракавици, ракувањето се врши удобно преку постојниот Infotainment систем или преку опционално достапниот повеќефункциски управувач.
Конфигурацијата на Audi онлајн музичкиот интерфејс се врши преку интернет. Може да се нагоди според личните желби, а исто така може и да се измени. Пристапот е можен на едноставен и без начин преку myAudi.
AUDI ОНЛАЈН МУЗИЧКИОТ ИНТЕРФЕЈС ГО ДОПОЛНУВА AUDI МУЗИЧКИОТ ИНТЕРФЕЈС СО СЛЕДНИТЕ ФУНКЦИИ:
* Временски управувано меморирање на интернет радио станиците и подкастите што самите сте ги одредиле преку домашната WLAN мрежа
* Репродукција на меморираните содржини во возилото
* База на податоци со многу интернет радио станици и подкасти
* Репродукција во живо на интернет радио станици во возилото (при користење на USB широкопојасен модем)
* WLAN Hotspot (при користење USB широкопојасен модем)
AUDI ОНЛАЈН МУЗИЧКИОТ ИНТЕРФЕЈС Е ДОСТАПЕН ЗА СЛЕДНИТЕ ВОЗИЛА:
* A1 (во комбинација со Radio concert и навигациски пакет, Connectivity пакет или
media пакет)
* Q3 (во комбинација со Radio concert и Connectivity пакет или навигациски пакет)
Напомена: со приемот на податочните пакети од интернет или репродукцијата во живо на интернет радио станиците, можно е зависно од Вашиот договор со мобилниот провајдер да настанат дополнителни трошоци. Поради евентуално големиот волумен на податоци, се препорачува користење на паушална тарифа за податоци. За понатамошни информации за ова, Ве молиме стапете во контакт со Вашиот мобилен провајдер.
* Користењето на содржините ставени на располагање е наменето исклучиво за приватна употреба и не смее да се користи за комерцијални цели.
ТЕСТИРАНИ КРАЈНИ УРЕДИ
Тековно ажурирани информации за мобилните телефони, мемориските медиуми и уредите за репродукција на медиуми тестирани од Audi.
ПОНАТАМОШНИ ИНФОРМАЦИИ
КОНТАКТ ЗА СЕРВИС, ПАРТНЕР НА AUDI
Стапете во контакт со Вашиот Audi партнер за да договорите термини во сервисната работилница и да добиете индивидуални понуди во врска со сервисот и оригиналните Audi делови и додатоци.