-
Пребарај
AUDI BLUETOOTH ТЕЛЕФОН ВО ВОЗИЛОТО
Телефонската единица којашто се испорачува како дополнителна опрема беше дизајнирана специјално за Audi Q7, A4 (со навигациски систем, од септември 2007 год.), A5 (со навигациски систем), A6 и A8.
Audi Bluetooth телефонот во возилото (SIM-Access) нуди Dualband/GSM телефон во возилото за користење на D-мрежи и E-мрежи во комбинација со комфорен уред за разговор со слободни раце. Ефикасната дигитална технологија ги неутрализира попречувачките шумови од возењето. Освен тоа, се употребува новиот SIM-Access профил (SAP), којшто овозможува користење мобилни телефони, дури и со слушалка, преку Bluetooth®, без да се користи GSM-модулот вграден во мобилниот телефон (не е потребен адаптер за мобилен телефон).
Ракувањето со Audi Bluetooth телефонот во возилото се врши преку ММИ односно преку повеќефункцискиот управувач во комбинација со системот за информирање на возачот. На тој начин, може директно да се пристапи до записите и телефонските броеви од адресарот.
За Bluetooth телефонот во возилото опционално достапна е и безжична слушалка со интегриран читач на SIM картички и дисплеј во боја. Таа овозможува директно телефонирање како и комфорно пишување SMS пораки со автоматско препознавање на зборовите.
ТЕСТИРАНИ КРАЈНИ УРЕДИ
Тековно ажурирани информации за мобилните телефони, мемориските медиуми и уредите за репродукција на медиуми тестирани од Audi.
КОНТАКТ ЗА СЕРВИС, ПАРТНЕР НА AUDI
Стапете во контакт со Вашиот Audi партнер за да договорите термини во сервисната работилница и да добиете индивидуални понуди во врска со сервисот и оригиналните Audi делови и додатоци.