-
Пребарај
ЗБИРКА НА НАШИТЕ НАЈЕФИКАСНИ ИДЕИ.
Audi ultra е симбол за нашата намера на технолошкиот напредок да му дадеме една нова димензија.
Со возила коишто се спортски, а сепак со мала емисија на штетни гасови. Со иновации во процесите со цел постигнување одржливост и ефикасност во сите сегменти на претпријатието. Со иницијативи за зголемување на нашата иновативна моќ и создавање на автомобилите на иднината.
Нашата основна цел е решавањето на спротивставеноста помеѓу ефикасноста и перформансите: CO2-неутрални возила без кратење на перформансите. Audi ultra е создавање повеќе од помалку. Audi ultra е збирка на нашите најефикасни идеи.
ОДНОВО ИЗНАОЃАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ
Ле Манс - местото каде што се бројат само перформансите, но победата доаѓа само во комбинација со ниска потрошувачка. На една од најтешките трки на долги патеки во светот, ние постојано ги подобруваме перформансите на нашите тркачки автомобили истовремено намалувајќи ја потрошувачката за што пет години по ред освојуваме титула.
SMART FACTORY
Производството на автомобили е сè повмрежено и поефикасно. Соработката помеѓу луѓето и машините им помага на вработените, деловите се создаваат со тридимензионални принтери, а логистиката се оптимира преку Geofencing-апликација. Со помош на интелигентни системи и иновативни технологии, Audi на тој начин нуди премиум квалитет со флексибилност ориентирана кон секој индивидуален клиент.
CLEAN PRODUCTION
Предуслов за CO2-неутралните автомобили е билансот на CO2 на возилата да биде постигнат уште пред првиот километар. Како прв премиум производител, Audi во 2014 година ја сертифицираше емисијата на CO2 на претпријатието според ISO 14064 и внимава на тоа да постави нови мерила во заштитата на животната средина и добивањето енергија. Па така, локацијата Инголштат денес е веќе над 70 проценти CO2-неутрална.
AUDI E-FUELS
На патот кон CO2-неутрални возила, Audi го истражува понатамошниот развој на конвенционалните погони и еден од пионерите во истражувањето на регенеративните горива, таканаречените Audi e-fuels. При нивното произведување, се врзува истата количина CO2, којашто се ослободува при возењето.
AUDI ULTRA МОДЕЛИТЕ
Мноштво технологии, како лесната конструкција, подобрената аеродинамика, рекуперацијата и новите технологии на мотори ја зголемуваат ефикасноста на возилата истовремено овозможувајќи значително намалена емисија на CO2. Најефикасниот модел во серијата се означува како ultra-модел и е симбол за одржливата мобилност без ограничување на возната динамика и комфорот.
AUDI ULTRA МОДЕЛИТЕ
На прв поглед се типични Audi модели: спортски, висококвалитетни и прогресивни. Но во нивната внатрешност се кријат посебни технологии, коишто заедно го прават возењето уште поефикасно.
ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЕФИКАСНОСТ
Рекуперација
Start-Stop систем
Common Rail систем
Систем за информирање на возачот со програма за ефикасност
Audi Space Frame
Audi drive select со режим efficiency