-
Пребарај
НЕВИДЛИВАТА ЕФИКАСНОСТ НА AUDI ULTRA МОДЕЛИТЕ
На прв поглед се типични Audi модели: спортски, висококвалитетни и прогресивни. Но во нивната внатрешност се кријат посебни технологии, коишто заедно го прават возењето уште поефикасно.
Со ultra верзиите на сериите A3, A4, A5, A6, A7 и Q3, нашите инженери развија возила чиишто TDI® мотори со мала потрошувачка имаат емисија на јаглерод моноксид помала од
120 g на извозен километар, а Audi го доближија поблиску до долгорочната цел за CO₂-неутрални возила. Нашите најефикасни TDI модели може да се препознаат по посебната ознака со натписот ultra на задниот дел. А секако и по нивната мала потрошувачка при непроменето големо уживање во возењето.
СИТЕ AUDI ULTRA МОДЕЛИ ГИ ИМААТ СЛЕДНИТЕ ПРЕДНОСТИ:
* Рачен менувач со 6 степени со подобрен пренос
* Рекуперација (поврат на енергијата од сопирањето) и Start-Stop систем
* Common-Rail вбризгувачи со 2.000 bar притисок на вбризгување за подобро согорување
* Audi технологија на лесна конструкција
ЕФИКАСНИ AUDI МЕНУВАЧИ
Поголемата ефикасност не е знак за помала динамика. Бар не кај Audi ultra моделите. Високиот вртежен момент овозможува соодносот на преносот на менувачот да биде продолжен особено во повисоките степени. Со тоа, и при низок број на вртежи се гарантира вообичаено спортското развивање на силата, а истовремено и активна заштеда на гориво.
ФУНКЦИИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Зад штедливоста на Audi ultra моделите, не се крие само една технологија, туку истовремено повеќе: рекуперацијата овозможува да се зачува енергијата ослободена при сопирањето и при забрзувањето истата повторно да се употреби. Системот Start-Stop на семафори и во застој го исклучува моторот и самостојно повторно го стартува. Со Audi drive select, режимот efficiency работи предвидливо и штедливо. А пак системот за информирање на возачот Ви кажува кога е најповолен момент за менување степен. Сè со цел да се одложи времето кога ќе треба повторно да се наточи гориво.
ПОДОБРЕНА АЕРОДИНАМИКА
И кај Audi ultra моделите, веднаш се забележува јасната форма на четирите прстени. Она што не се забележува веднаш е високиот степен на ефикасност на формите на автомобилот. Сите Audi ultra модели се уште еднаш пуштени во каналот за ветер на Audi за дополнително да се оптимира нивната аеродинамика. Бидејќи помал отпор кон воздухот значи помала потреба од гориво. И подобреното ниво на возилото и гумите со намален отпор на вртење кај повеќето Audi ultra модели овозможуваат понизок коефициент на триење.
ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА НА AUDI
Никогаш нема да ја видите, но нејзиниот ефект секако ќе го почувствувате: лесната конструкција на Audi. Она што во 1994 година започна кај моделот A8 со револуционерниот Audi Space Frame® во лесната конструкција на каросеријата, денес се применува во скоро сите области и претставува комбинација од материјали за лесна конструкција со интелигентни принципи на конструкција и штедливи процеси на производство. На тој начин се постигнува помала тежина, бидејќи секој дел со лесна конструкција има ефект и врз другите делови, чијашто димензија исто така може да се намали..
Вредности за потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови:
Audi A3 ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 4,9-3,4;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 113-89
Audi A3 Limousine ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 5,0-3,5;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 114-92
Audi A3 Sportback ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 5,0-3,4;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 115-89
Audi A3 Cabriolet ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 5,2-5,0;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 119-115
Audi A4 Limousine ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 4,2-4,0;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 109-104
Audi A4 Avant ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 4,4-4,2;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 114-109
Audi A5 Coupé ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 4,2;
Емисија CO2 во g/km: комбинирана: 109
Audi A5 Sportback ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 4,3-4,2;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 111-109
Audi A6 Limousine ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана 5,9-4,2;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 138-109
Audi A6 Avant ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана 6,0-4,4;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 142-114
Audi A7 Sportback ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 4,9-4,8;
Eмисија на CO2 во g/km: комбинирана: 128-124
Audi A8 ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана 5,7;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 149
Audi Q3 ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 5,8-4,4;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 134-114
Audi Q5 ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана 5,2-4,9;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана 135-129
Audi TT Coupé ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 4,5-4,2;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 116-110
Audi TT Roadster ultra:
Потрошувачка на гориво во l/100 km: комбинирана: 4,6-4,3;
Емисија на CO2 во g/km: комбинирана: 120-114
Податоците за вредностите за потрошувачка на гориво и емисија на CO2, како и класите на ефикасност зависат од употребените комбинации на гуми/тркала.
ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЕФИКАСНОСТ
Рекуперација
Start-Stop систем
Common Rail систем
Систем за информирање на возачот со програма за ефикасност
Audi Space Frame
Audi drive select со режим efficiency