-
Пребарај
„AUDI EXCLUSIVE ЗА МЕНЕ ПРЕТСТАВУВА ВИСТИНСКО ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ.“
Неговиот прв Audi бил половен Audi 80 quattro. За Андреас Антаматен, како Швајцарец, тогаш тоа беше вистинскиот избор. "Планини, снег, многу превои - човек едноставно подобро се чувствува кога вози quattro. Јас од самиот почеток бев воодушевен од Audi. Сите дванаесет следни модели на Audi ги направив индивидуални со Audi exclusive."
"Во меѓувреме, со мојата сопруга го купивме тринаесеттото Audi возило - R8 GT Spyder. И во овој случај, 13-ката е апсолутно среќен број", вели тој додека неговото лице зрачи. Спортското возило, целосно индивидуализирано со Audi exclusive, е неговата голема гордост.
Специјално за интервјуто и за фотографирањето, тој претходно неговиот црвен автомобил од соништата заедно со пријател го полирале половина ден.
Љубовта кон деталите е негова одлика: и во приватниот живот и како финансиски советник во инвестициска фирма во Цирих. "Audi exclusive за мене претставува и награда за мојата професија којашто одзема голем дел од денот. Истовремено автомобилот е важен и за мојата работа. На пример, кога мора да извозам подолг пат, петтделниот сет куфери R8 на Audi exclusive се покажа како екстремно практичен. И следните мои модели на Audi повторно ќе бидат индивидуализирани: "Audi exclusive за мене претставува вистинско подобрување на квалитетот на живот."
"ЕДНОСТАВНО САКАМ НЕВООБИЧАЕНИ НЕШТА."
Нешто друго, што Андреас Антаматен го цени е и индивидуалноста. Тоа може да се види во секој детаљ на неговото возило: во црната опрема целосно обложена со кожа, хармонично се вклопуваат контролните елементи, маските на седиштата, отворите за воздух и облогите на праговите - сето тоа во црна кожа со контрастни шевови во гримизна црвена боја. Покрај тоа, карбонски капак за средишната конзола, дополнителен сет тркала со титаниумски изглед со спортски гуми.
Да не ги заборавиме и карбонските влезни лајсни со осветлени алуминиумски вметоци, коишто на страната на возачот го носат натписот "Andys R8 GT" - возилото е целосно индивидуализирано. "Советниците на клиентите во Audi знаат: кога купувам нов автомобил, се радувам на сè што има од Audi exclusive."
Се радувам и на она коешто го нема. Како на пример, избраните спортски седишта коишто сериски немаат натпис R8 GT. "Но јас навистина го сакав тоа. И фирмата quattro GmbH тоа ми го овозможи со тоа што мојот R8 натпис беше до милиметар прецизно извезен во седиштата."
На прашањето кој смее со него да се вози во неговиот Audi R8 GT Spyder, спонтано одговара неговата шестгодишна ќерка: "мама". Андреас Антаматен не само што има извонредно возило. Тој има и извонредно, весело семејство.