-
Пребарај
AUDI EXCLUSIVE КОЖА. ПОГЛЕДНЕТЕ. ПОЧУВСТВУВАЈТЕ. ВООДУШЕВЕТЕ СЕ.
Кожата е уникатен природен производ. Чувството при допир на кожа релаксира и истовремено ветува едно посебно патување. Кога и да ја погледнете кожата, секогаш ќе уживате. Меката површина изгледа како да сјае на светло. На седиштето во Вашиот Audi, парчето кожа се претвора во ексклузивен комфор.
Нема две исти парчиња, што всушност е и филозофијата на Audi exclusive. Сепак, се разбора, се внимава на тоа деловите за еден внатрешен простор совршено да бидат усогласени еден на друг. Прецизната изработка го гарантира природниот изглед на овој материјал.
ВООДУШЕВУВАЧКИ ИЗГЛЕД И ДОПИР
Пред кожата да се обработи за Audi, мора да помине повеќе од 30 различни тестирања. Тие тестирања Ви го гарантираат доживувањето при отворањето на вратата на Вашиот Audi воодушевувајќи се на изгледот и чувството при допирот на кожата.
ИЗРАБОТЕНО СО ЧУВСТВА
За одредени фази од обложувањето на седиштата или деловите од внатрешниот простор со кожа, ние се потпираме на прецизната рачна изработка. Така на пример, шевовите на управувачите на Audi exclusive се во голема мера изработени рачно, со голема љубов посветена на деталите.
ГОЛЕМ ИЗБОР НА БОИ
Доколку се одлучите за опрема од кожа на Audi exclusive, на Вашата фантазија не ставаме граници. Така на пример, можно е управувачот да се обложи во кожа со боја поинаква од бојата на седиштата, или да се обложат со кожа само делови од седиштата.
ИНДИВИДУАЛЕН КАРАКТЕР
Од големиот број бои на кожа, изберете ја токму онаа којашто соодветствува на Вашите замисли. Дополнително, може да изберете боја за контрастните шевови. На Вашето возило дајте му сосема индивидуален карактер.