-
Пребарај
AUDI EXCLUSIVE ИНДИВИДУАЛНИ ЛАКОВИ. НЕОДОЛИВ ИЗГЛЕД.
Светот има бескрајно многу бои. Изберете ја Вашата. Златна како зајдисонцето, црвена како вино, зелена како смарагден прстен, сите тие бои може да ги добиете како лак за Вашиот Audi. А може да ја добиете и секоја друга боја за којашто ќе донесете примерок кај Вашиот Audi партнер.
Покрај тоа, се разбира имаме и голем избор на веќе дефинирани бои на лак за Вас. Изберете го Вашиот омилен тон од приближно 100 тонови на бои. Дали облагородената седло-кафена би била совршена? Или пак повеќе сакате палата-сина со бисерен ефект, којашто потсетува на широчина и слобода?
ПРИВЛЕЧЕН СЈАЈ
Без разлика за кој лак ќе се одлучите, стандардите за квалитет во процесот на производство се високи. Органските пигменти овозможуваат привлечен сјај на боите, додека неорганските пигменти се многу отпорни на стареење.
ПРЕЦИЗНА ИЗРАБОТКА
Доколку во лакот се додадат мали метални плочки, се создава фасцинантниот ефект на металик лак. Плочките се најчесто од алуминиум, но се користи и месинг. За да не се кршат, нивната изработка мора да биде екстремно прецизна.
ЧЕТИРИ СЛОЈА ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ
Audi лакот се состои од четири слоја, коишто заедно не се подебели од човечко влакно. Тие гарантираат дека во Вашите омилени бои ќе уживате што е можно подолго. Без разлика дали се работи за сончево-златна или смарагдно-зелена боја.
ЧЕКАМЕ ИНСПИРАЦИИ
За добар прв впечаток, има само една шанса. Искористете ја таа шанса и за Вашето возило изберете го Вашиот личен надворешен лак од големата понуда на бои на Audi exclusive. За другите бои, ние ги очекуваме Вашите инспирации.