-
Пребарај
AUDI EXCLUSIVE ДРВА И ДЕКОРАЦИИ. СОЗДАДЕНИ ОД ПРИРОДАТА.
Секое дрво е уникатно - токму како и декорацијата којашто е изработена од него. Скоро ниеден друг материјал не нуди толку убава атмосфера како дрвото. Кога со прстот ќе поминете преку декорација со фина структура, веднаш ќе ја почувствувате ексклузивноста, високиот квалитет и пред сè времето и напорот потребни за овој предмет.
Audi во принцип не користи тропски дрва, дури и доколку се одгледувани на плантажи. Наместо нив, се употребуваат избрани дрва коишто особено го поддржуваат конкретниот карактер на возилото. Понудата се протега од класичното дабово дрво, па сè до фасцинантните видови како мирта.
ПОГОЛЕМА ЕКСКЛУЗИВНОСТ
Вашата предност: поголема ексклузивност и поголем избор. Покрај видовите дрво, на располагање Ви стојат и специјални бои и текстури. На тој начин, внатрешниот простор се претвора во уникатна релаксирачка зона со карактер создаден за комфор.
СОВРШЕНСТВО ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПОЧУВСТВУВА
Пример за таква структура е дрвото со отворени пори Тамо во природна темнокафена боја. Тоа дрво расте во Јапонија и Русија и има фасцинантен брановиден изглед, којшто е задржан и во дрвената декорација. Структурата на дрвото може да се почувствува.*
Тенките ленти фурнир за декорациите се излупени од стебла и т.н. јазли во дрвото. Еден сет делови за едно возило по сите правила потекнува од само еден јазол односно едно стебло со цел поединечните делови да бидат слични еден на друг.
ФАСЦИНАНТНИ ФОРМИ
Секој Audi има сопствен карактер, а декорациите дополнително го потенцираат тој карактер. Покажете го Вашиот личен стил на пример со новиот комплет од алуминиум/дрво Beaufort во црна боја, којшто се состои од тенки фурнири и алуминиумски ленти.*
НАПОМЕНИ
* Ве молиме имајте предвид дека оваа декорација не е достапна за сите модели.