-
Пребарај
AUDI EXCLUSIVE. ЛИЧНО ВАШ.
Секоја година, Audi продава над милион возила. Но Вашето ќе го продаде само еднаш. Како е тоа можно? Со Audi exclusive. За Вашето Audi да се претвори во уникатно Audi.
Направете комбинација од избраните декори, кожите во боја и индивидуалните лакови од големата понуда на бои на Audi exclusive според Вашите сопствени замисли. Можностите за комбинација со Audi exclusive се скоро неограничени. На тој начин се создава Вашето уникатно возило.
ИНСПИРАЦИЈА
Индивидуално возило за уникатна личност. Оној којшто вози Audi, сака да има нешто посебно. Audi exclusive Ви нуди можност посебното да го оформите на индивидуален начин. Вашата фантазија безмалку нема да наиде на граници.
РАЧНА ИЗРАБОТКА
За многу фази од работата, потребен е посебен алат: човечката рака. Луѓето имаат нешто што машините го немаат: сензибилитет. И шевовите на кожата во голема мера се ставени од човечка рака создавајќи специфичен изглед.
ОПРЕМА ОД КОЖА
Нема две исти парчиња кожа, што сосема одговара на филозофијата на Audi exclusive. Атрактивните опреми од кожа ја дополнуваат понудата за ентериерот за Audi A5. Во Вашето возило, создадете амбиент според Вашата лична желба.
ДЕКОРАЦИИ
Со декорациите на Audi exclusive, во ентериерот на Вашето Audi A5 ќе ставите неколку уникатни карактеристики: Вашиот вкус ќе го одреди неговиот карактер. Одлучете се на пример за топлото, мазно дрво Eiche sepia. Или пак, нека Ве фасцинира студениот дизајн на декорот во алуминиум/дрво Beaufort во црна боја.
ИНДИВИДУАЛНИ ЛАКОВИ
Златна како зајдисонце, црвена како вино - светот има бесконечно многу бои. Како изгледа Вашата боја од соништата? Индивидуалните лакови на Audi exclusive на Вашиот Audi A5 му даваат уникатна нота и го прават единствен.