-
Пребарај
Врвни карактеристики на опремата на Audi A8 L.
Патувајте комфорно, работете концентрирано, релаксирајте се свесно. Audi A8 L со неговата опрема ги исполнува сите желби. Одлучете се за дополнителни врвни карактеристики, кои секое возење го претвораат во незаборавно доживување.
Музички систем Bang & Olufsen Advanced Sound System со 3D звук
На овој начин улицата се претвора во бина: во висококвалитетниот амбиент на Audi, музичкиот систем на HiFi специјалистите Bang & Olufsen поставува визуелни, како и акустични стандарди. Системот автоматски ги зема во предвид брзината на возење и шумовите во позадина и овозможува фасцинантна репродукција со опкружувачки звук како во концертна сала.
Систем за помош при ноќно возење
Заштитени ноќе: системот за помош при ноќно возење препознава лица при темнина независно од светлото и боите и на дисплејот прикажува препреки. Независно од бојата на нивната облека, лицата се подобро видливи. Ризикот од незгоди значително се намалува.