-
Пребарај
Интелигентно и ефикасно. Подвозјето на Audi A8 L.
Новиот Audi A8 L поставува нови трендови и го исполнува ветувањето што го даде концептот Audi prologue. Предниот дел со широката, исправена Singleframe решетка и опционалните HD Matrix LED фарови со Audi ласерско светло сведочат за прогресивната елеганција на новата ера.
Интелигентна прераспределба
Активното подвозје Audi AI, опционално во A8 L, има две главни задачи. Од една
страна, тоа во голем обем и со извонредна ефикасност овозможува попречна и надолжна
стабилизација на возилото при секаква натовареност земајќи ја предвид состојбата на
патот, положбата на патот и брзината. Тоа води кон значително поголем комфор при
возењето, а од друга страна, оваа иновација ја подобрува и пасивната безбедност:
прилепеноста којашто со quattro и онака е одлична, во случај на целосно сопирање
дополнително се оптимира со најпрецизна распределба на силите на сите четири
тркала. Наглото навалување нанапред активно се изедначува, а растојанието потребно
за сопирање значително се скратува. Покрај тоа, во случај на страничен судир
возилото во рок од половина секунда се крева за до 80 милиметри и на тој начин ја
зголемува безбедноста во внатрешниот простор.
Сите овие функции може да се реализираат поради тоа што подвозјето работи целосно
електро-механички и потребните сили може индивидуално да се распределат на секое
поединечно тркало зависно од ситуацијата. Освен тоа, ова величествено возило има
централна контролна единица којашто ги проценува сигналите од сензорите и на
магнетните вентили им дава соодветни наредби, кои пак потоа ја приспособуваат
амортизациската сила на конкретниот браник.
Ефикасноста како дел од сериската опрема
Audi A8 L е мек хибрид. Оваа комбинација од мотор на согорување, 48- волтен
ременски погонуван стартер-генератор со водено ладење и моќна литиум-јонска
батерија, за прв пат ќе биде сериски достапна. Оваа нова единица ја претставува
основата за целата низа подобрувања, коишто пред сè водат кон поголема ефикасност и
зголемен комфор при возењето.
Ременски погонуваниот стартер-генератор (RSG) има двојна улога: тој работи како
електричен мотор или како алтернатор. Во првата функција, тој овозможува погонски
момент од значителни 60 њутнметри. Тие во Audi A8 L се користат за една уникатна
функција: ако сте ја достигнале Вашата крајна брзина, при брзини помеѓу 30 и 160
km/h, согорувањето се исклучува на периоди до 40 секунди - за комфорно, мирно
"едрење" без емисија на штетни гасови. RSG сепак има доволно сила моторот во секое
време повторно да го активира. Допрете го педалот за гас и моторот повторно ќе
почне да работи.
Генераторот нуди предности и за време на сопирањето: заедно со моќната батерија над
задната оска, тој овозможува уште поинтензивна рекуперација. На тој начин, веќе
искористената енергија повторно се враќа во возилото. Во многу ситуации
рекуперацијата е дури и поефикасна од споменатото "едрење" - па затоа, системот за
управување со погонот на A8 L постојано ја следи и проценува ситуацијата. За таа
цел, податоците од предната камера и опционално увидите на системот за предвидлива
ефикасност се комбинираат со актуелните податоци за делницата и вредностите од
сензорите.
Освен тоа, моделите на новата A8 L-генерација се првите возила што се испорачуваат
со новите ознаки за моќноста. Од двата мотора со шест цилиндри, 3.0 TDI започнува
со 210 kW како Audi A8 L 50 TDI, а 3.0 TFSI со 250 kW како Audi A8 L 55 TFSI.
Новиот начин на управување
Секоја брзина си носи свои предизвици во однос на управувањето. Покрај тоа што е
важна леснотијата на ракувањето, покрај агилноста пред сè се бара и стабилност.
Леснотијата на ракувањето значи: Вашето возило ги комбинира агилноста на пр. на
Audi A4 со комфорот на луксузна лимузина, за возењето во тесни кривини доволно е
само малку да го завртите управувачот (директност). Агилноста ќе ја почувствувате
како уживање во возењето, спортски карактер на возилото и спонтаност, а стабилноста
пак се покажува преку леснотијата во контролирањето, како и при ненадејните
вртења.
Од технички аспект, тука се крие антагонизам поради кој порано мораше да се прави
компромис: во преден план можеше да стои или директноста или стабилноста. Сега
динамичното управување со сите тркала му стави крај на овој вечен компромис и тоа
со активните управувачки интервенции на предната и задната оска коишто се
координираат од една централна контролна единица. Алгоритамот на ова управување го
претвора Вашето движење на управувачот, зависно од актуелната возна ситуација, во
оптималниот агол на управување на предната и задната оска.
Со тоа се постигнува големо подобрување на управувањето: во градскиот сообраќај на
пр. при вртење и паркирање, значително се намалува силата потребна за управување -
кругот на вртење на возилото забележливо се намалува со спротивното управување на
задните тркала. При возењето на регионални патишта, може да уживате во спортскиот
дух и во прецизноста, со возење како на шини. На автопати, динамичното управување
со сите тркала преку спротивното управување овозможува релаксирано и стабилно
возење. Тоа ќе го почувствувате и како сопатник на задните седишта.