-
Пребарај
Ја потврдува вистинската големина. Новиот Audi A8 L.
Преку нас ќе ја доживеете иднината. Со дизајнерски јазик, којшто на елеганцијата и динамиката им дава нова индивидуалност. Со многубројни системи за помош, нов вид на концепт за ракување што нуди интуитивно водење на корисниците на највисоко ниво, и пред сè: со повеќе простор. Креирајте го Вашиот личен слободен простор во задниот дел толку флексибилно и комфорно како никогаш досега и искусете го луксузот во неговата вистинска големина. Во новиот Audi A8 L.
Audi A8 L мултимедиска галерија
Пионер со историја
Престиж и динамика - за тоа сведочат благородните елементи на дизајнот на новиот A8 L. Но, и покрај новоосмислениот екстериер, неговите моќно поставени лакови на тркалата потсеќаат на легендарниот Quattro.
Максимална сигурност и безбедност во возењето
Во Audi A8 L можете да ракувате сосема опуштено. Бидејќи во него Ви е достапен досега најуникатниот избор на мрежни системи. Оваа интелигентна мрежа од сензори и алгоритми, по желба Ви помага во речиси секоја возна ситуација од автопатот, па сè до паркингот и го прави пристигнувањето до целта уште покомфорно, посуверено и побезбедно. Системите за помош кои ги има до 41 на број, го препознаваат и проценуваат актуелното опкружување за време на возењето, по потреба Ви даваат дополнителни информации и интервенираат во оние ситуации што делуваат како критични. Со оваа обемна опрема се прави голем чекор напред кон автономното возење.
Елеганција во ново светло
Со амбиенталниот пакет светла со контури во повеќе бои, внатрешниот простор преку прецизните светлосни ленти се претвора во вистинска сцена. Со тоа, дизајнот на внатрешниот простор се истакнува и уште повеќе се зголемува неговата вредност.
Големина до најситниот детаљ
Без разлика дали се работи за кратка или долга дестинација: во Audi A8 L можете секогаш да бидете сигурни дека опуштено ќе пристигнете до целта. За тоа се грижат многубројните опреми, кои со својот посебен концепт на ракување ги исполнуваат највисоките барања - пред, за време и по возењето. Audi A8 L надополнува задоволството од возењето со задоволството да бидете возени. Патниците кои седат во комфорните седишта во задниот дел, уживаат во големиот простор, која во споредба со нејзиниот претходник е значително зголемена. Додека активната технологија на подвозјето во секоја возна ситуација нуди неограничено комфорно и динамично возно искуство, амбиенталниот дизајн на светло како и иновативните функции за комфор и забава се грижат за опуштено уживање при патувањата на највисоко ниво.
Ниту на едно друго место не можете да се опуштите толку ефикасно како во седиштето за одмарање на Audi A8 L. На патниците во задниот дел од страната на совозачот, тоа им нуди највисоко ниво на комфор при седењето со своите многубројни можности за поставување, опционалната функција за масажа, како и потпирачот за стапала за особено комфорна позиција за одмарање.
Дополнително, седиштето на совозачот може електрично да се доведе сосема нанапред и грбниот потпирач да се спушти за да се добие максимален слободен простор за нозете, а пак масажата за стапала на подлогата за стапала и системот за забава на задните седишта (Audi Tablets) совршено го заокружуваат концептот на задниот дел на Audi A8 L.
Онаму каде квалитетот на воздухот се чувствува
Со само едно притискање на копче, пакетот Air Quality во целиот внатрешен простор на возилото испушта неупадлив, пријатен мирис. Достапни се вкупно два различни мириса, коишто се креирани специјално за возилото. Интензитетот на мирисот може да се регулира во три нивоа. Тие се активираат преку MMI инфо забавниот систем. Истовремено, со ароматизирањето на внатрешниот простор се филтрира надворешниот воздух и на тој начин ефикасно се прочистува. Освен тоа, квалитетот на воздухот значително се подобрува и преку јонизаторот.
Ќе ја почувствувате разликата
Внатрешниот простор на новиот Audi A8 L располага со целосно нов концепт на ракување. Дисплеите на допир со хаптичка повратна реакција ги заменуваат класичните прекинувачи и преку оптичката редукција оставаат уште поелегантен впечаток. Интуитивното ракување со инструментите се грижи за уникатен комфор и во задниот дел во возилото.
Иднината изгледа вака
Креирањето на контролните елементи во Audi A8 L, кои се посеопфатни од кога и да е, ја следи идејата за конзистентност. Тоа се овозможува со постојаното користење на дисплеите на допир, коишто една цела низа функции ја сведуваат на минимум интерфејс. Користењето на овие површини е апсолутно интуитивно: со притискање и поминување преку нив ќе навигирате низ менито со голема леснотија до саканата содржина. Ако изберете некоја функција, кон тоа ќе добиете и хаптички и визуелна повратна реакција. Речиси како притиснување на копче - само видливо подобро. Притоа, многу функции можат целосно да се управуваат и без користење на рацете: со системот за говор за првпат неговото ракување е можно и преку говорна наредба, којашто не се базира на утврдени поими, туку е ориентирана на природни дијалози.
Се докажува како уште посигурен
Audi ММИ направи револуција со водењето на корисниците. Тој се залага за интуитивна јасност и исклучителен квалитет на сензорите. Исто така и новата генерација се обврзува кон овие вредности, постојано ги пренесува во дигиталниот космос и истовремено изненадува со уште попрецизни детали. На пример, секогаш динамично ажурираните податоци за мапи овозможуваат навигација со топографски приказ и проширени 3D City-модели за уште попрецизно да Ве водат кон целта. Но, пред сè, а тоа е следната револуција, MMI touch response сега може да се приспособи кон Вашите желби и навики: можете да го уредите според Вашите лични приоритети, да ги меморирате овие поставувања - и на тој начин да го направите Вашиот A8 L уште поприспособен кон Вашите лични желби и потреби.
Највисоко ниво на комфор на задните седишта
Како патник во задниот дел на A8 L, по желба можете да имате целосна контрола врз сите функции за комфор и забава. Rear Seat Remote е мобилна контролна единица со дисплеј во OLED технологија, мрежно поврзана од дома со инфо забавниот систем, а може да се користи и како телефон.