-
Пребарај
Дизајн на новата ера. Дизајнот на Audi A8 L.
Новото Audi A8 L е трендсетер и го исполнува ветувањето дека Audi го дава прологот во поглед на дизајнот. Предниот дел на возилото со широката, вертикално поставена Single frame решетка и опционалните HD Matrix LED фарови со Audi ласерско светло сведочат за прогресивната елеганција на новата ера.
Дизајн на новата ера
Новото Audi A8 L е трендсетер и го исполнува ветувањето дека Audi го дава прологот во поглед на дизајнот. Предниот дел на возилото со широката, вертикално поставена Single frame решетка и опционалните HD Matrix LED фарови со Audi ласерско светло сведочат за прогресивната елеганција на новата ера. Моќните куќишта на тркалата се одлика на спортскиот дух и истовремено потсетуваат на претходникот quattro. И врвниот завршеток: тенките, тродимензионално оформени Audi Matrix OLED задни светла кои заедно со благо накосениот заден дел на возилото се грижат за динамична возбуда.
Преглед на сè
Благодарение на нејзиниот светлосен опсег при истовремено енергетска ефикасност, LED технологијата без прашање припаѓа на врвот на инженерските активности. Сега ќе биде надмината. И тоа поради значаен фактор: HD Matrix LED фаровите со Audi ласерско светло, опционални во A8 L, достигнуваат десеткратен светлосен интензитет. Нивните насочени зраци внесуваат малку ден во ноќта. Со овие ласерски светла опсегот на видливост е дупло поголем во споредба со конвенционалната техника. Сепак, не се работи само за тоа да постои подобра видливост: системот на камери во предното стакло препознава извори на светло во сообраќајот од спротивната страна и овозможува автоматско изоставување на ова подрачје. Тоа значи дека возилата кои доаѓаат од спротивната насока не се заслепуваат. Благодарение на зголемениот број на светлосни сегменти, задименото подрачје притоа може да се управува екстремно прецизно. Тоа се смалува - така што Вашата видливост нанапред уште повеќе се зголемува. Се разбира, сето ова функционира автоматски и со тоа е дополнителен предуслов за релаксирано, комфорно и безбедно возење ноќе. HD Matrix LED фаровите со Audi ласерско светло се опционални во A8 L, маркантниот X со сина боја на фаровите се однесува на оваа опрема.
Динамика до крај
OLED задните светла во 3D дизајн овозможуваат специјален светлосен дизајн за новото Audi A8 L кој остава впечаток. OLED технологијата овозможува хомоген приказ на геометриски форми кои постепено се затемнуваат. Со лентата со LED светла во комбинација со задни светла во OLED технологија новото Audi A8 L е особено видливо, а покрај тоа отворањето и затворањето на возилото е маркантно. Но не воодушевува само дизајнот, туку и при подобра видливост има поголема безбедност.
Ваш личен слободен простор
A8 L Ви дава значајно поголема слобода - просторно и креативно. Со програмата за индивидуализација Audi exclusive Вашите лични претпоставувања во поглед на дизајнот добиваат форма: можат слободно да се комбинираат многу опции за внатрешниот простор, а надворешноста ќе сјае со новосоздадените рефлектирачки бои како Terra сива, металик, Vesuv сива и Sevilla црвена.