-
Пребарај
Пријатен амбиент со карактер на рачно производство. Внатрешниот простор на Audi A7 Sportback.
Внатрешниот простор на A7 Sportback се карактеризира со две значајни вредности: спортски дух и висок квалитет. Сите детали, материјали и декоративни елементи ја нагласуваат квалитетната естетика - од основната верзија преку design selection па сè до спортскиот пакет S line: врвен карактер каде и да погледнете.
Овде секогаш заземате посебно место.
Индивидуално контурираните предни седишта кои се опционално достапни во Audi design selection со Valcona кожа со контрастни шевови во сард кафена боја и фалти во челик сива боја оптимално ја приспособуваат контурата на Вашето тело и со нивните истакнати перничиња на седиштето и потпирачите даваат максимална потпора при секакви маневри за време на возењето. По желба вентилацијата на седишта и релаксирачката функција за масажа нудат дополнителен фактор за удобност и нашата визија за комфор ја прават Ваша реалност.
Вистински вкус за сечиј вкус
Стил? Се разбира! Со Audi design selection којшто нуди хармоничен претходен избор на посебни материјали и бои во внатрешниот простор. На пример избраните и висококвалитетни декоративни елементи со природно сива боја на дрво од бреза, рафинирано поставени на сцена од елементите во внатрешниот простор со вештачка кожа во сардер кафена боја и контрастни шевови во челик сива боја.
Поголем спортски дух
Започнувајќи со повеќефункцискиот спортски управувач со дизајн со три краци и рамен долен дел со перфорирана црна кожа, преку висококвалитетните декоративни елементи од исчеткан алуминиум во темна мат боја, па сè до педалите и потпората за стапала од не'рѓосувачки челик - опционалниот спортски пакет S line видно го заострува атлетскиот карактер на Audi A7 Sportback, а на Вашата желба за поголем спортски дух ѝ дава доволно простор.