-
Пребарај
Елеганција со висок стил. Опремите на Audi A7 Sportback.
Емоционален дизајн, спортски карактер и иновативна технологија: Audi A7 Sportback ја соединува силата на Coupé, Limousine и Avant во концепт со голема привлечност.
ММИ навигација плус со ММИ touch response
MMI навигација плус импресивно ја претставува иновациската моќ на новата ММИ генерација и покажува што значи напредок во техниката во областа на Infotainment: голема разновидност на функции, најголем комфор при користење и многу дополнителни предности за клиентите.
Музички систем Bang & Olufsen Premium со 3D звук
Амбиентален звук како во концертна сала: музичкиот систем Bang & Olufsen со 3D звук го подигнува уживањето во музиката на ново ниво. Звучниците за ниски и средни тонови коишто се специјално вградени во А-столбот создаваат тродимензионален звук којшто го рефлектира целосното чувство на музиката.