-
Пребарај
Четири прстени. јасна линија. Новото Audi A7 Sportback.
Непогрешливо, незаменливо, A7. Од заострените светла со автономна светлосна сигнатура, преку исправениот преден дел со широка Singleframe решетка и силуетата својствена за coupé, па сè до скулптуралниот заден дел - Audi A7 Sportback е амбасадор на револуционерен јазик на дизајн и истовремено во себе го носи класичниот quattro ген. Доказ дека можете да останете верни на својата линија, со тоа што ќе ја сметате за нова.
Галерија на Audi A7 Sportback
Нова слобода
На великодушноста ѝ подаривме поголем простор. Со новиот подобрен просторен комфор во задниот дел на возилото без намалување на зафатнината на багажниот простор. Со опционално греење на предни и задни седишта и пред сè: со прецизна и висококвалитетна изработка со квалитет на рачно производство.
Подарете му израз на Вашиот стил
Пакетот за амбиентално светло и контури којшто се регулира во повеќе бои и можете да го добиете по желба, може да се постави според Вашите идеи и во внатрешниот простор претставува плус за индивидуалноста и вредноста. Прецизното водење на линиите ги истакнува контурите, ја нагласува инструментната табла и структурата на дизајнот и овозможува качување и слегување при темнина.
Кокпитот на новата ера
Уреден, хомогено вграден и составен од еден дел: HD дисплеите на допир MMI High со touch response со висока резолуција и големина од 10,1- и 8,6-инчи едностојно се вклопуваат во инструментната табла и на прогресивниот концепт за користење му го подаруваат пиедесталот којшто го заслужува. Со горниот дисплеј возачот го ракува Infotainment. Долниот дисплеј го отвора пристапот до климатизацијата, комфорните функции и внесувањето на текст.
Дигитално изведено светло
HD Matrix LED фаровите кои можете да ги добиете по желба се израз на новиот A7 уникатен јазик на светлосен дизајн и ја опфаќаат темата на дигитализација: разделени со тесни меѓупростори, 12-те светлосни сегменти стојат еден до друг и будат асоцијации со принципот на броевите 0 и 1.
Наши препораки
Инспиративни композиции од бои на лакови и фелни, стилски комбинирани и соодветно уредени за сечиј вкус.
Класично
Делуваат чисто, ненападно величествено, едноставно стилистички. 20-инчните алуминиумски гусани тркала со V дизајн со двојни краци заедно со лакот во металик тајфун сива боја создаваат комбинација со безвременска елеганција.
Спортски
Нагласете го прогресивниот и спортски карактер на Вашето Audi A7 Sportback: со 21-инчните алуминиумски гусани тркала со V дизајн со двојни краци, кај во металик небесно сина боја и пакетот за надворешност S line којшто можете да го добиете по желба, меѓу другото со S специфичен браник назад и напред, S специфичен дифузер во мат титан црна боја како и хромиран изглед на крајниот дел на цевката за издувни гасови и амблемот.
Маркантно
Не само што ќе го истакнете динамичниот карактер на Вашето Audi A7 - туку и ќе го подобрите. Со комбинацијата од 21-инчни алуминиумски исковани тркала со V дизајн со двојни краци и лак во металик тритон сина боја. За уникатен изглед и маркантни акценти.
Револуционерно на сите начини
Имајте ја модерната мобилност од иднината веќе денес: доживејте ги интелигентните системи за помош и автоматизираните функции за возење од новото време. Направете го следниот чекор кон пилотираното доживување за време на возењето на новата ера.
Стилот на нова генерација
Новото A7 Sportback ја слави спортската елеганција и како амбасадор на нов јазик на дизајн е подобар автомобилски авангард. Остро истакнатите линии на coupé силуетата се израз на динамичната емоционалност. Светлата со автономен A7 потпис ја нагласуваат прогресивната надворешност. Покривот се протега како купола над атлетската каросерија од А-столбот којшто е накосен наназад и се влева во харизматично скулптурниот заден дел на возилото со континуиран LED светлосен опсег. Уникатен изглед којшто импресионира и кога возилото е во мирување.