-
Пребарај
Дигитално изведено светло. Фаровите на Audi A7 Sportback.
HD Matrix LED фаровите кои можете да ги добиете по желба се израз на новиот A7 уникатен јазик на светлосен дизајн и ја опфаќаат темата на дигитализација: разделени со тесни меѓупростори, 12-те светлосни сегменти стојат еден до друг и будат асоцијации со принципот на броевите 0 и 1.
Светло создадено по мерка
Опционалните HD Matrix LED фарови се грижат за прецизно осветлување на коловозот слично на дневната светлина со голема енергетска ефикасност и долг животен век. Притоа интелигентните камери ја препознаваат околината и секогаш соодветно ја осветлуваат улицата. LED долгото светло се дели на поединечни светлосни сегменти коишто се вклучуваат или затемнуваат во зависност од ситуацијата. Возилата коишто доаѓаат од спротивната насока или коишто се наоѓаат пред Вас не се заслепуваат, а подрачјата помеѓу нив и покрај нив и понатаму целосно се осветлени. Светлосните сегменти ја преземаат и функцијата на светлото за кривини: точката на фокус се поместува врз основа на предвидливите податоци за коловозот кои се овозможуваат од ММИ навигацијата плус.
Светло. Посветло. Ласер.
Опционалните HD Matrix LED фарови со ласерското светло на Audi се идеален извор на светло за поглед кон далечината. Ласерското светло го дополнува LED долгото светло надвор од затворените населени места при брзина од 60 km/h па нагоре и достигнува десеткратен светлосен интензитет и двојно поголем визуелен опсег при 30 % помала потрошувачка на енергија во споредба со конвенционалната LED технологија. Фарот за ласерското светло визуелно се препознава со отвор во форма на X и син елемент.
Краен чин со додаток
Континуираниот опсег на LED светла на харизматично скулптурниот заден дел нуди осветлување со прецизност на голема површина за сообраќајот зад Вас, но исто така и визуелна врвна карактеристика за Вас. Футуристичката динамична светлосна сцена на опционалната Coming-Home/Leaving-Home функција поаѓањето и пристигнувањето ги претвора во фасцинантно доживување.