-
Пребарај
Агилен. Подвижен. Спортски.
Сериското прогресивно управување овозможува моќна возна динамика преку истакнато спортски пренос на управувањето, коешто особено во комбинација со опционалното динамично управување со сите тркала ја зголемува агилноста и подвижноста.
Динамично управување со сите тркала
Спортско возење при максимална стабилност: две спротивности обединети во опционално
достапното динамично управување со сите тркала. На предната оска работи динамично
управување чијшто менувач го менува својот пренос зависно од возната ситуација. При
ниски брзини, задните тркала се вртат спротивно од правецoт на предните тркала, со
што се зголемува агилноста на A6Limousine, а кругот на вртење се намалува за до 1,1
метри на 11,1 метри - за маневрирањето да биде лесно дури и со речиси пет метри
надворешна должина на возилото. При средна и повисока брзина, предните и задните
тркала рамномерно се вртат, со што се зголемува стабилноста и на Avant му
овозможува суверена опуштеност дури и при нагло менување на коловозната лента. За
побезбедно возење и поголем комфор за патниците.
Поставувања на четири подвозја
При поставувањето на подвозјето Audi нуди избор од четири варијанти:
конвенционалното подвозје со челични пружини, спортското подвозје, подвозјето со
регулирање на амортизацијата и воздушната амортизација adaptive air suspension,
исто така со регулирано придушување. Особено последното на A6 Avant му нуди високо
ниво на комфор при тркалање и спортско маневрирање, а преку Audi drive select може
оптимално да се прилагоди кон стилот на возење и условите на патот.
Комфорно-опуштено или спортски-стабилно: Вие одлучувате.