-
Пребарај
Јачина на осветлување што го покажува патот и впечатлив поглед.
Опционалните HD Matrix LED фарови со динамичен трепкач воодушевуваат од два аспекти. На возачот му нудат оптимално осветлување на патот, без притоа да ги заслепат учесниците во сообраќајот отспротива. А исто така, на A6 Avant визуелно му даваат максимален ефект на ширина преку фокусот врз карактеристичните светлосни сегменти извлечени нанадвор.
Динамичен трепкач
Многу повеќе од само оптичка игра: динамичниот трепкач рамномерно го креира светлосниот сигнал однатре и однадвор и на тој начин непогрешливо ѝ ја сигнализира на околината својата насока на вртење. Со подолгото времетраење и истакнатата јачина на светлото, другите учесници во сообраќајот се информирани многу брзо и јасно - нешто што претставува важен придонес за безбедноста.
HD Matrix LED фарови
По желба достапните HD Matrix LED фарови ја осветлуваат ноќта и овозможуваат прецизно осветлување на патот слично на дневна светлина како кај собореното така и кај долгото светло. Благодарение на иновативните технологии возилата што доаѓаат од спротивниот правец како и оние кои возат пред Вас не се заслепуваат, а не се осветлуваат премногу ниту сообраќајните знаци, додека пак важните делови и понатаму целосно се осветлуваат.