-
Пребарај
Носач на моќност
При воведувањето на европскиот пазар A6 Avant стартува со два моќни мотори - еден дизел и еден бензински. Сите мотори се опремени со новата Mild-Hybrid технологија.
Mild-Hybrid технологија
Проток на енергија: сите мотори во новиот A6 Avant се опремени со новата Mild-Hybrid технологија на Audi, којашто може да ја намали потрошувачката при вообичаениот возен режим за до 0,7 литри на 100 километри. За тоа придонесува и еден стартер-генератор со ременски пренос со литиумско-јонска батерија и на тој начин создава дополнителна енергија, која доведува до подобрено забрзување, поголема ефикасност и зголемен комфор при возењето. Технологијата се нуди во две варијанти: кај моторите со четири цилиндри се користи 12-волтна мрежа во возилото, а кај моторите со шест цилиндри 48-волтна мрежа, која тука служи како главна мрежа во возилото.