-
Пребарај
Интелигенцијата употребена интелигентно
Иднината е тука и сега: врска од совршено усогласени технологии на сензори, камери, тркала и ултразвучни технологии и ласерски скенер коишто ја препознаваат и проценуваат Вашата возна ситуација, Ви помагаат кога ќе посакате и интервенираат ако не може поинаку. Придружете ни се на патот кон едно автономно возно искуство за уште утре да можете да возите со него.
Опремен со одговори на прашањата на една нова епоха. Подготвен за пробив во една
независна ера: со Audi AI Garagenpilot Вашето возило можете да го паркирате или да
го извадите од место за паркирање во гаражи преку паметниот телефон без да седите
во него. И со Audi AI Parkpilot Вашето возило самостојно извршува маневри за
паркирање дури и при многу тесни празни места.
Од технолошки аспект можно уште денес, но од законски наскоро: воведувањето на
независни системи за помош бара објаснувања специфични за земјата преку законски
рамковни услови и посебно прилагодување и испробување на системите. Од овие
причини, Audi AI Parkpilot и Audi AI Garagenpilot ќе се одобруваат чекор по чекор и
во согласност со законските одредби.
Parkpilot и Garagenpilot припаѓаат кон пакетот со системи за помош Паркирање, на
еден од трите пакети. Пакетот со системи за помош Град, меѓу другото го содржи и
новиот систем за помош на крстосници којшто го контролира попречниот сообраќај на
крстосници и визуелно, звучно, а по потреба и со кратко сопирање го предупредува
возачот за критичните ситуации. Исто така во пакетот: предупредувањето за
излегување коешто при излегување ги предупредува возачот и патниците ако се
приближуваат други учесници во сообраќајот одзади. Во пакетот со системи за помош
Тура, меѓу другото се содржани и адаптивниот систем за помош при возење во вклучен
систем за помош при застој и тесни премини којшто значително Ви олеснува при
закрчен сообраќај или менување на коловозната лента, а системот за помош за
ефикасност го поддржува економичниот стил на возење. Зад сеопфатните системи за
помош стои една Hightech-компонента на Audi: централниот контролен уред за помош на
возачот zFAS. Тој, од спојот на сензорските податоци, постојано врши детална
проценка на целата околина. Зависно од опремата, сетот од сензори опфаќа до 5
радарски сензори, 5 камери, 12 ултразвучни сензори како и еден ласерски скенер -
уште еден важен новитет.
Систем за помош со приколка
Возењето наназад Ве води нанапред: со системот за помош со приколка, маневрирањето станува полесно од кога и да е. Сеедно дали сте со камп-приколка или приколка за чамец - сè што треба да направите е само внимателно да додадете гас и да го поставите приближниот агол во којшто сакате да возите наназад. Системот за помош со приколка ќе го преземе управувањето, ќе ја одржува приколката во коловозната лента и при излегување наназад возејќи право ќе се погрижи за потребната стабилност. Едноставно, брзо и безбедно.