-
Пребарај
Ја потврдува големината
Бескомпромисно комфорен: оптимизираниот просторен концепт на новиот Audi A6 Avant им нуди на возачот и на сопатниците повеќе слободен простор за нозете, главата и рамената при вообичаено големиот волумен на багажниот простор. Поделениот наслон на задните седишта со можност за товарање може флексибилно да се спушти во сооднос 40:20:40 и оптимално да се прилагоди кон Вашите желби и потреби. Сеедно дали патувате со семејството и Вашата ски-опрема на планина или на подолги службени патувања: со волуменот за товарање од 565 до 1680 литри отворени Ви се сите можности.
Организациски решенија
Мали идеи со големо влијание: со сериски опремениот систем на шини и со опционалниот сет за фиксирање, просторот за товарање може оптимално да се организира, индивидуално да се подели и да се приспособи според потребите. Заштитете го Вашиот багаж и фиксирајте ги габаритните и кршливи предмети со телескопските прачки и мрежи, како и со затегнувачките ленти, коишто можат да се прицврстуваат во окца за прицврстување во четири варијабилни позиции. Доколку немате багаж, сетот за фиксирање може едноставно и брзо да го сместите под просторот за товарање. Уште поголем комфор нуди и по желба достапното управување со сензори во задниот браник, со кое задната врата може автоматски да се отклучи и отвори со помош на движење на стапалото.
Панорама стаклен покрив
Опционалниот панорама стаклен покрив нуди за 30% поголема стаклена површина во споредба со неговиот претходник и на тој начин на внатрешниот простор му дава светол и топол амбиент. При силно сончево зрачење, ролетната за заштита од сонце која електрично се регулира, се грижи за послабо загревање и за 100% светлосна заштита. Стаклениот покрив може исто така и да се отвори. За оптимален довод на свеж воздух и - благодарение на интегрираниот штитник од ветер - за пријатно мирна атмосфера.